Автор Тема: Ford Focus 1.0 Ecoboost  (Прочитано 22315 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Ford Focus 1.0 Ecoboost
« Одговори #30 на: 19 Август 2014, 19:45:26 pm »
Kolata e prekrasna, nemoze da ne e koga e nova makar bilo toa i dacia, vo pogled na motorot jas licno na tolkava karoserija bi odel so okolu 150hp bidejki ne gledam na potrosnja (kaj mene diesel trosi 9 u grad). Za izdrzlivost e rano da se kaze, izminative godini se bese fokusirano na dizelite pa benzincite zaostanaa. So zdravje da se vozi kolata, ne se zamaraj voopsto sekako nema da ja vozis do penzija pa da gledas kolki km kje pomine
3.5 V6 EcoBoost во Мондео Титаниум XXX би било некоја златна средина. Но, и 2.0 EcoBoost во Фокус седан може да пројде.


И тоа не за да го пукаш. Туку баш за да НЕ го пукаш.

Like a V6.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Ford Focus 1.0 Ecoboost
« Одговори #31 на: 20 Август 2014, 01:33:25 am »
Супер избор си направил. Го возев и јас ова ако е баш тест возилото. Нема збор дека силата од 100 кс е далеку поискористлива од претходните 1.6 и 1.8 литарски атмосферци, а и економијата на возење е значително подобрена. Единствена замерка ми е звукот на моторот, некако под моите очекувања, но сепак минимална во однос на придобивките.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Ford Focus 1.0 Ecoboost
« Одговори #32 на: 20 Август 2014, 02:15:42 am »
Не сум го возел, ама ако доживувањето е нешто макар и маргинално налик 0.9 TCe во Клио, онда е катастрофа.

Честито и со здравје да се вози.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: Ford Focus 1.0 Ecoboost
« Одговори #33 на: 20 Август 2014, 02:44:26 am »
Champion пријателе, да направиме еден тест може ли ?

Јас ќе ја донирам мојата 1.4 косилица, ти дојди со твоето Фокусче. Ќе свртиме по кругче две, со 2-3ца во кола. 

Значи, во споредба со 1.4/1.6 атмо косилиците, ова мало турбо бензинче мислам дека треба да е премија. :)

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3809
Одг: Ford Focus 1.0 Ecoboost
« Одговори #34 на: 20 Август 2014, 02:54:45 am »
Taka vikaat, ama koj znae ;D ;D ;D

Отсутен Champ1on

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 31
Одг: Ford Focus 1.0 Ecoboost
« Одговори #35 на: 20 Август 2014, 10:31:31 am »
Champion пријателе, да направиме еден тест може ли ?

Јас ќе ја донирам мојата 1.4 косилица, ти дојди со твоето Фокусче. Ќе свртиме по кругче две, со 2-3ца во кола. 

Значи, во споредба со 1.4/1.6 атмо косилиците, ова мало турбо бензинче мислам дека треба да е премија. :)

Каков тест? биди поконкретен. Шо косилица имаш?

Отсутен Champ1on

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 31
Одг: Ford Focus 1.0 Ecoboost
« Одговори #36 на: 30 Мај 2015, 17:32:27 pm »
Здраво,
Нешто ми ја изгриза изолацијата на хаубата :)
Што мислите има некое чаре?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Ford Focus 1.0 Ecoboost
« Одговори #37 на: 30 Мај 2015, 17:43:52 pm »
Глушец, најверојатно..

Чаре.. Или да го исечеш изгризаниот дел и да пробаш колку-толку да ја подзакрпиш (обрабиш), или да си купиш целосно нова.

Отсутен Champ1on

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 31
Одг: Ford Focus 1.0 Ecoboost
« Одговори #38 на: 30 Мај 2015, 17:53:43 pm »
А да се заштитам од глувциве некако нема шанси по се изгледа? оти дупкиве се правени на 2 пати.. најпрвин беше една дупка и си реков од многу жештина има изгорено. По еден месец гледам и од другата страна дупки направени. Се плашам да не почнат по жиците да гризат.
Иначе колата ја чувам во двор.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг:
« Одговори #39 на: 30 Мај 2015, 18:19:26 pm »
Мaчкa, глaднa.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Ford Focus 1.0 Ecoboost
« Одговори #40 на: 30 Мај 2015, 19:10:10 pm »
Паметно е да ги отстраниш глувците со дива мачка и тоа не само заради изолацијата на колата, туку од многу други причини.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Ford Focus 1.0 Ecoboost
« Одговори #41 на: 30 Мај 2015, 19:38:34 pm »
Друже во Бриколаж во делот за градини се продаваат уреди кои испуштаат ултра звук од кој бегаат сите глодари, птици и можеби и мачки. Би ти препорачал да го ставиш во близина на местото каде што го паркираш возилото и ќе немаш никаков проблем повеќе.

Уредот работи на принцип на ултра звучно зуење кое што ние не го слушаме со уво, но за животните е ушасно одвратен звук и бегаат од него како побудалени.

Отсутен Champ1on

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 31
Одг: Ford Focus 1.0 Ecoboost
« Одговори #42 на: 30 Мај 2015, 19:48:04 pm »
Фала за советите ќе поминам до Бриколаж да ги видам тие уреди.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Ford Focus 1.0 Ecoboost
« Одговори #43 на: 30 Мај 2015, 19:50:44 pm »
Јас имав такво, само ги брка мачињата и кучињата - и нормално го извадив. И им смета на сите домашни миленици. Птиците како врста на диносауруси имаат внатрешно уво и неможе (нажалост) да се избркаат со ултразвук. Така, да таквите уред не фуккционираат на птици.

Отсутен Champ1on

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 31
Одг: Ford Focus 1.0 Ecoboost
« Одговори #44 на: 01 Јуни 2015, 11:03:33 am »
Дечки глувчето е сеуште внатре :) си играме овие два дена Tom & Jerry:) Сношти поставив на стакло лепак и сирење, сабајлево сиренцето изедено ама глувчето го нема. Вечерва ќе пробам со стапица кафез. Ако влези нема излегување :)

Ме чуди како издржало два-три месеци во колата на толкава топлина. најверојатно се крие кај крилата над тркала.