Автор Тема: Nissan Micra K12  (Прочитано 3611 пати)

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Nissan Micra K12
« на: 26 Август 2017, 17:55:12 pm »
Денеска сум на карклуб, па реков да презентирам и нешто друго освен ВАГ коли..
На почеток на годинава почнав да барам некоја помала кола за жена ми, па после неколку Половци, Ибици, Корси начекав Микра.

Буѓетот беше лимитиран до 2000 франака, па така да за парите ова е доволно. Се изнагледав доста крш половци, една ибица ми зариба на тест драјв и некоја корса у лоша состојба и со многу извозени километри. Планот беше да биде што помалку возена и што понова, со тазе регистрација, за да не ме боли глава после..

Од сите што ги гледавме, женската глава одлучи за ова:

Модел: Нисан Микра К12, пет врати
производство: 2005
мотор: 1.2 80 коња, мотор на ланец
менувач: 5 степен мануелен
боја: сива
опрема: Клима, предни и странични воздушни перничиња, електрика на предни прозори, електрика на ретровизори, борд компјутер, АБС. Доаѓа со 4 зимски и 4 летни гуми комплет со бандажи у добра состојба. Зимските се Континентал а летните Ханкоок Кинерѓи или како и да е.
Километри: 135к км

Напраивме тест драјв и микрата доста фино работи, тивок мотор, сите додатоци у ентериерот функционираат.
Пред да ја купам извршен е мал сервис, уље, филтри и променет антифриз. Единствена мана е што имаше еден бучен лагер на задно тркало, кој исто беше среден пред да ја преземам у свои раце.

Слики од плац:









У гаража:





После тоа се фрливме на перење и внатрешно чистење:
















Позитивни импресии:

Ме изненади внатрешноста на Микрава..Не знам дали е до очекувањето, но не очекував толку простор внатре. Четворица солидно може да седат и да се возат без мука за простор. Шалтаблата е доста солидно и квалитетно изработена. Има одличен волан, моторот е доста тивок и доволен за низ град. Кочниците исто така функционираат без премногу сила. Мењачот е добар и фино работи. Потрошувачка до сега не надминала 6.3л/100 градска. На отворено паѓа испод 6л.

Негативни импресии:

Ми откажа стартерот после 500км, уз кој прво сменив акумулатор мислејќи дека е до него, па после и стартерот. Од тогаш нема мука.
Друго, спора ми е некако, али толку е силата, атмосферец од 80 коња. Ме нервира кога на 80ка на саат ќе го стиснам до крај и му треба подолго време додека стигне до 120. Со ТСИ-то тоа е доста брзо. На 120км на саат работи на преку 3500 вртежи и се слуша доста ветер од надвор.

Заклучок:

Изгледот е попривлечен за понежниот пол. Интересно возило за низ град, али толку. Појќе од 100км тура не сум извозел во еден здив и не ни сакам да возам. Едноставно не е направено да се вози на долги релации, ја нема таа удобност као други возила од повисока класа. Се надевам дека нема да има мука у иднина, као и што ги држи "рејтинг" на нисан.

Повелите на коментари...








Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Nissan Micra K12
« Одговори #1 на: 26 Август 2017, 18:44:43 pm »
Одлично мало ауто,со здравје да ве служи желката
На која страна гледате коли у швисс?

Sent from my E5603 using Tapatalk


Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Nissan Micra K12
« Одговори #2 на: 26 Август 2017, 18:55:26 pm »
Одлично возилце. Добро да ве служи.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Nissan Micra K12
« Одговори #3 на: 26 Август 2017, 19:53:16 pm »
Супер градско количе. Не се мачи да го возиш на отворено, кога не е проектирано за тоа.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Nissan Micra K12
« Одговори #4 на: 26 Август 2017, 22:37:59 pm »
Одлично женско количе... Создравје да се вози

За машко...



;D

Отсутен comang

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 135
Одг: Nissan Micra K12
« Одговори #5 на: 26 Август 2017, 23:29:15 pm »
Исти таблици со голфот. CH си е CH. respect
ex AR 145 1.4TS, ex AR 159 1.9JTDm
AR 145QV.....

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Nissan Micra K12
« Одговори #6 на: 27 Август 2017, 10:14:09 am »
Фала на сите... да си дочекате и вие едно вакво :)

Одлично мало ауто,со здравје да ве служи желката
На која страна гледате коли у швисс?

Sent from my E5603 using Tapatalk

tutti.ch
autoscout.ch
anibis.ch


Sent from my iPad using Tapatalk

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 616
Одг: Nissan Micra K12
« Одговори #7 на: 18 Јануари 2018, 08:38:17 am »
Може клуч на темава..Микрата е омажена :)