Ух, често е праен муабетот за ова, ќе најдеш ако пребараш доста совети. Генерално, најдобро е оригинално. PU е скапа опција, која веројатно нема да те спаси од „крцкање“, и си бара одржување. TRW или ОЕ Alfa горни вилушки ти се околу 55-65 евра. Проблемот е да успееш кај нас да најдеш (не сум прашал во аутомобилеск колку коштаат, тоа би било интересно да се дознае
). Некои луѓе имаат добри искуства и со афтермаркет, од кои јас би ги одбегнал Birth. Секако, репарација не би ти препорачал ни под разно. Џабе фрлени пари, барем за горните вилушки на Алфа.
За добри сервиси за алфа, имаш Жарко (член на форумов) Макс авто сервис, Тони во Сингелиќ, кој може малку да те „олади“ со цена, Илија, овластен сервис во ЃП, а веројатно има и други исто така солидни. Подвозјето на алфата си бара малку ум, но секој добар механичар може да го отштрафи и презаштрафи подвозјето.