Автор Тема: CARclub Тест: Mitsubishi Outlander PHEV  (Прочитано 6318 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29666
    • CARclub.mk
CARclub Тест: Mitsubishi Outlander PHEV
« на: 07 Август 2014, 13:40:18 pm »


http://www.carclub.mk/2014/08/07/test-mitsubishi-outlander-phev-ekoloska-tehnologija-od-dalecniot-istok/

Одлична технологија, која би била уште подобра во некое понормално возило (рецимо, Lancer). Многу добро и интелигентно донесени одлуки, особено во однос на ограничувањата - Lexus дозволува возење до 50 на саат на струја, Mitsubishi до 120.

Бидејќи е Plug-in Хибрид, може да се вози исклучиво на струја и воопшто да не троши гориво. Проаѓа до 50-тина километри само на батерии.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Mitsubishi Outlander PHEV
« Одговори #1 на: 07 Август 2014, 13:53:12 pm »
Машалааа ова ме бендисува бајаги.
Интересен момент: кога моторот ја полни батеријата троши 3 литри БЕНЗИН и ја послни 80% што од прилика е доволно за 40 километри (ако со 100% батерија се поминува 50км), што е уствари 7.5 литри потрошувачка ВО ГРАД. Тоа е далеку помалку од SUV со бензински мотор а скоро исто со дизелски.

Сега останува уште тие 50км автономија на батерии да станат 80к па 120, па 150 и се би било како што треба.
Најс. 5-ка од мене

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: CARclub Тест: Mitsubishi Outlander PHEV
« Одговори #2 на: 07 Август 2014, 14:05:12 pm »
Прашање: колку кошта полнењето на струја за автономија од некои си 50 км? И второто, дали прашавте како е во зима, ако возиш на електро мотор некое време и одеднашка ти затреба снага од бензискиот која е процедурата? Нели ладно, незагреан мотор итн....

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Mitsubishi Outlander PHEV
« Одговори #3 на: 07 Август 2014, 14:12:56 pm »
Мицубиши Аутлендер Тиииит

Возилото титка константно. За луѓе со низок притисок е совршено, веќе никогаш нема да треба да се напиете кафе или енергетски напиток, Аутлендер Тиииит ќе ве држи возбудени константно.
1. Кога влегуваш уште не тргнат титка за каиши. За двата.
2. Титка за Лејн Асистнс, и ако го исклучиш пак се пали сам на следно палење кола. Кај нас крајно непрактична работа е лејн асистнс, константно свири.
3. Титка кога палиш круз контрол. Страшно, треба да се обеси тој што го смислил тоа.
4. Титка кога круз контролот кога ќе наиде на кола напред и ќе намали брзина зошто е адаптивен. И пак титка кога ќе си отиде колата.
5. Титка менуваш брзини од Р во Д на пример.
6. Титка кога ќе ја отвориш вратата и е упален.
7. Титка кога врне многу зошто го изгасил FCM, или што и да е.

И тоа голем дел од овие ствари не се гасат, или сами се палат на стартување. Раце ти се тресат од нервоза дур возиш. Старашно. Наместо да нуди едно тивко, мирно место за уживање - глеј.

Идеме понатака. Круз контролот пола од времето не е авејлабл и треба одново да го местиш. Пример: Возиш 150кмч, доаѓа патарина рецимо, гасиш круз контрол седиш во редица, плаќаш и стискаш на копчето за круз контрол и само треба да забрза до 150кмч пак. Е не. Неможе така. Треба ти да убрзаш до неколку, да го упалиш на толку колку што си убрзал, и пак да го наместиш на 150кмч. Ако стиснеш нагоре на копчето за да те врати, 50% од времето ќе отиде до 150кмч, 50% од времето ќе ти рече нот авејлабл. Страшно.

Секогаш кога ќе упалиш круз контрола ти го префрла мењачот од Б во Д положба. Ок... Но ако си бил во Б5 положба, на секое враќање го става во Б3. Не памти во кое Б било. Ај среќа лесно се мести со палките. Ама реалниот човек никогаш нема да го мрдне од Д, нажалост зошто неможе да се замара константно да префрла натаму, наваму. Безвезе.

Понатаму, аудио системот иако е брендиран, е многу boomy. Има сабвуферче во позадината, но свири превисоко и се добива пренагласено преклопување на басот. Мислам дека на брендиран систем, нема потреба да се замарам со такви едноставни работи кои треба да се средени од фабрика.

Клима уредот е гласен. Односно вентилацијата, без разлика дали е со клима или без. На првата цртка веќе се слуша (!!!), на втората веќе е евидентен звукот, нагоре уште повеќе. На волку тивка кола особено забележливо. Јас секогаш на 1 цртка користам вентилација во колите, и обично е тишина секаде. Овде не беше случајот. За да може да ја осетиш тишината на колата во град, и мирот кој треба да го понуди некој електричен автомобил треба скроз да ја исклучиш вентилацијата. Некако мислам дека ова лесно можело да се избегне. Несмее да се слуша првата цртка, глупо е.

Системот за електричните мотори е совршен. Ова треба да го има секоја кола. Електричните мотори се тивки и за мерак. Се полнат за 8 саати на нашиве штекери. Тишина, мир, разбраност. Додека има батерија, моторот не се пали воопшто. Нема потреба. Потрошња 0л/100км. Милина. И пред се тишина. Барем од моторот. Изолацијата е под просечна за 42.000 евра кола, но ете така смислиле. Ова е она кое сите мислам дека го сакаат.

Седиштата не се сјајни. Прво се мали и не се доволно ни високи ни широки. Но за среќа возачкото седиште се легнува. Комплет сосе долниот дел како фотеља. Малку од малку да го убие оној гаден осеќај на седење во трпезарија што го имаат повисоки возила. За подолг пат пак не е, ама за наваму натаму ќе заврши работа. Е сега дали сакаш волкава мрцина да влечеш за натаму-наваму е друго прашање.

Возилово е всушност многу солидно градско возило, само е големо за да биде градско возило. Системот ја покрива комплетната потреба на една кола која се има по дома. Да се возиш бесплатно во текот на годината секојдневно, а за меѓуградски си се пали моторот и си напојува. Одлично. Пак ќе кажам, ова е она кое се бара. Само со некои измени. Како прво возилото е прескапо. Пре-ска-по. Значи самиот Аутлендер е преценет, не овој систем. Ова е слично пари со дизел варијантата што е налудничава бројка од 42.000 европски пари. Мислам тоа е на граница на улавост. Ова возило чини 28.000 евра во реалноста, и толку би можел некој да го плати. Неможе да си измислуваш бројчиња по потреба. Треба да се пратат некои класи, некои граници, некоја реалност. Стварно системот е врвен, но пак ќе кажам - колата во која е ставен, не е врвна. Да се и двете врвни - разбирам.

Системов ставен во новиот лансер, со ПОМАЛ мотор на бензин околу 1.0 или слично, нема потреба од повеќе и истиов електричен мотор од задните тркала на аутлендеров ставен на предните во лансерот, со резервоар од 30 литри, и истиве батерии од аутлендеров, по цена од 17.000 евра почетна и ни денар повеќе (иста цена со инсајт) е реалноста во која одамна требаше да се наоѓаме со ваквите системи. Ама од којзнае кои причини уште се цепидлачиме со вакви смешни возила со одлични системи...

Жалосно е што волку добар систем е расипан од непромислени работи кои би ги решила било која добра контрола на квалитет и контрола на ергономија. Феноменален систем, пак ќе кажам.

П.С. Полнењето на батеријата е 15КWh (батеријата е 12,хKWh), значи околу 50-60 денари на ефтина и дупло од тоа на скапа.


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Mitsubishi Outlander PHEV
« Одговори #4 на: 07 Август 2014, 15:38:30 pm »
Браво Дени за ривјуто.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29666
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Mitsubishi Outlander PHEV
« Одговори #5 на: 07 Август 2014, 15:49:15 pm »
Титкањето стварно замара, али..

- Lane Departure Warning титка само над одредена брзина. Генерално, во град не се пушта.
- Титкањето на круз контролот замара, се слагам.
- Титкањето при мењање од R во D и обратно не ми смета до толку. Особено пошто е малку безвезе мењачот, па убаво е да има звучен фидбек ако веќе нема (добар) хаптички.
- Титкањето кога е отворена вратата е направено и е упален е направено за да те потсети да ја исклучиш колата. Сепак е електрично возило и нема звук.

Да, секогаш враќа во B3, наместо во B5 рецимо. Тоа му е дифолтна вредност. Сигурно ќе измислат нешто софтверски во иднина. Да, би сакал да остане во B кога ќе го ставам таму.

Аудиото како и секое друго аудио, си бара подесување. Да, не би требало да се замараш, ама тоа е тоа.

Клима уредот делува гласен пошто нема звук од мотор. И јас го приметив истото. Истото е и со изолацијата - делува дека фали изолација пошто колата е потивка по дифолт. Али да, дефинитивно би требало да има (значително) повеќе изолација, особено за кола што кошта 42.000 евра.

Мене седиштата ми беа комотни. Типично височко седење како во SUV. Не очекував спортска поддршка, не ја ни добив.

Уствари, Аутлендерот е многу америчко возило. Се гледа дека не е дизајнирано ниту пак конструирано за Европски пазар.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Mitsubishi Outlander PHEV
« Одговори #6 на: 07 Август 2014, 16:15:26 pm »
Има разлика од нападно „ТИИИТ“, до информативно „пум“.



Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: CARclub Тест: Mitsubishi Outlander PHEV
« Одговори #7 на: 07 Август 2014, 16:22:59 pm »
А колку е тешко чудово?
New blood of old school

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29666
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Mitsubishi Outlander PHEV
« Одговори #8 на: 07 Август 2014, 16:30:11 pm »
Околу тон и осумсто.

Отсутен Darkovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
Одг: CARclub Тест: Mitsubishi Outlander PHEV
« Одговори #9 на: 07 Август 2014, 17:38:58 pm »
Па и не е многу, ја мислев дека е преку 2 ко ништо заш дизелашот не тежеше 2 рамно? како и да е досега мислам најдобро осмислена хибридна технологија, но се сложувам со Дени дека  е во погрешно возило. Одличен тест!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Mitsubishi Outlander PHEV
« Одговори #10 на: 07 Август 2014, 17:51:29 pm »
1550kg дизелот, овој околу 1760kg.

Си помешал нешто.

А и не е ни малце. :) Туч.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: CARclub Тест: Mitsubishi Outlander PHEV
« Одговори #11 на: 07 Август 2014, 19:37:49 pm »
Pepe le P(h)ew!
Мала шега, ова изгледа одлична комбинација, само да е во понормално возило како Лансер на пример.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: CARclub Тест: Mitsubishi Outlander PHEV
« Одговори #12 на: 08 Август 2014, 02:15:32 am »
Многу од замерките што ги набројавте ќе се испеглаат со текот на времето и веќе за 5 години, по некоја си моја слободна проценка, ваквите возила би требало да функционираат совршено и да бидат се почеста појава на патиштата.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: CARclub Тест: Mitsubishi Outlander PHEV
« Одговори #13 на: 08 Август 2014, 02:27:16 am »
http://www.zeperfs.com/en/fiche3697-bmw-730-d-e38.htm
http://www.zeperfs.com/en/fiche1033-bmw-730-d-e65.htm
http://www.zeperfs.com/en/fiche3300-bmw-740-d-f01.htm

Само колку за споредба со тежината. Хибридна BMW 7ца или Audi A8ца со ваков домет would be a godsend.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Mitsubishi Outlander PHEV
« Одговори #14 на: 08 Август 2014, 08:40:12 am »
Имаш такви, BMW нуди хибрид во 7мицата. А VW во Туарег, и ЕГолф и GTE Голф и Е-Уп...

П.С. Вентилацијата во Акордот на пример не се слуша на прво, а и второ ако не и на 3то ниво. Како што ми останало во сеќавање. А и кај мене број 1 не се слуша кога ќе дадеш контакт - без мотор.