Овде можеш и со лепење на таблите да поминеш, ама ќе биде без изолација, можеш и со лепење стиропор со можност да играш со дебелини како тебе ти одговара.
Можеш и со профили, ама со оглед на тоа дека некои делови се малтер и цигла, рачунај дека ќе се помачиш со типли за UD профилот, значи некаде ќе фати, некаде ќе испука малтерот и нема да фати, со тоа ќе треба пребушување итн. Ова ти кажувам за горна зона на прозорот, каде што е дупката.
Јас лично би залепил стиропор, лепак/мрежа/ќош лајсна и на крај би го изглетувал да дојде мазно со остатокот.
Вертикалите и долната зона на прозорот би ги обшил со гипс табли со лепење исто. Да биде појако, сепак е прозор ќе се отвори некогаш до крај па да не се искршат ивици.