Вака, ако добро разбирам и поправи ме ако грешам:
- како преносен (термално преносен) флуид користиш вода наместо антифриз
- цевките кои ја пренесуваат водата од панело кон ХХХ (бафер или изменувачко тело), веројатно се делумно затнати од бигор
- бигорот најчесто се чисти со циркулирање киселина, ако добро сум разбрал, се врти киселината со пумпа и целиот прибор наводно не бил скап односно можело да се импровизира
Ако не сакаш да се малтретираш, да прашаш мајстори на пример мајстори за проточни бојлери? Ако имаат редуцири за цевките теоретски баш они би можеле да ти завршат работа.