Abre tebe ti e za poevtino ili
Toa crnoto e farbano se gleda od kineski dzid,prvoto toa maleckoto e so 10guma novo e 499eura.Edino toa bitolskoto crvenoto mozno e da fakja oko ama so go znam..Ako ides vekje za polovno zaso nego zemes toa od kostan nema vrska ako pominalo 10000km ako e cuvano baska go pojacal na 80cc i vaka se gleda na sliki deka e zdravo ne e arabat
Фала Влатко уште еднаш што се обидуваш да помогнеш.Морам да признаам дека малку сум лаик во овие работи.
На прашањето за цената!Моторот нема да го возам многу(барем така сметам) туку само месец дена додека да ја санирам повредата на ногата.После тоа многу веројатно е да отиде во подрум или пак да го однесам во викендица,но и да го продадам со некоја загуба од 50-100 евра.
Реално цената и не е битна толку,ако моторот си вреди.Сепак не би се расфрлал до толку со пари,
бидејќи нема толку да го возам и пред се би одел на нешто поевтино.Не се знае,ако ми се допадне можеби и ќе си го возам,но како што кажав немам некоја посебно голема желба на мотори.МНогу размислував дали да одам на ново,но знаејќи дека ќе ми остане во подрум после тој месец дена и џабе толку пари ќе фрлам.
Инаку му благодарами на костан за понудата.Може моторот си вреди,но сепак јас не би дал 450 евра за кинез со 10000км
Кога би возел веројатно би дал 2000 и кусур евра и би земал веспа пјаџо.
Туку ајде да се вратам на предлозите.
Она што е 200 евра,односно со 10ка гуми.Јас сум околу 65-66кг.Би имало ли проблем по угорници по претпоставка се да е во ред.Второ стабилно ли е или многу е полошо споредено со овие кои се со поголеми гуми.
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1321558За ова пак
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1294266Гледам дека е фарбано,но и не ми е толку битно.Незнам дали е со 10ка или поголема гума!Сепак доколку е добро и ме вози
не ми изгледа така лошо.Ме интересира само дали знае некој како е со делови.Работата ми е да не земам некое моторче со мана и да не можам после делови ни во кина да му најдам.
За ова битолсково гледам дека прилепски таблици има!Претпоставувам дека го земал од некој прилепчанец и не го префрлил.Не се разбирам,но дали ќе треба да го менувам на скопски или може да си остане и на прилепски.АКо треба да го менувам многу комплицирано ми изгледа и ќе го баталам.
на крај да го спомнам и ова.ЛОшо е само што е 150цц,па може проблем да ми прават сељациве во униформа.А со сељак нема расправање нели.Дизајнот ми се допаѓа и тој ми е исто така битен,а не брзината.
на крај ако имате нешто понудете.
Би одел и на нешто вакво со дизајн но поевтино
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=933450Така да сега засега тие ми се опциите.