Druze rabotava so motorcevo ispadna ko nevesta da baras, nikako da se odlucis , najdobro e da gi sredis dokumentite zatoa sto ne kosta milioni, kupoprodazniot ima rok 15 dena neznam dali si go znael toa, a toa sto imas prijatel vo policija neznam kolku kje mu bide interesno da mu zvonis za glup resliv problem, i jas imam nekolku prijateli i rodnini vo policija pa nikogas ne sum vozel pijan ili ne sum parkiral pogresno, ne sum vozel nasilno bas poradi toa da ne moram da se sramam i da gi sramam niv
Веројатно не си го ни прочитал убаво мислењето,а одма почна со некои искази.
Значи јас прво не пијам,не газам луѓе по пат и остали работи,па заради тоа да барам пријател во полиција.И проблемот не е глуп,како што и парите не се малку(тебе може и ти изгледа глупо,како и 50 евра малку)
Точно е дека не се земало бидејќи повеќето понуди не ми се допаднале,биле премногу скапи итн.
Едноставно сите што ми фаќаат око се надвор од скопје.
И од таму и прашањето мое,како и што со документи.
Добро е ако може да се избегне односно да се земат таблици после одредено време.Па од таму и беше прашањето дали има временско ограничување до кога мора да се сменат таблици откако ќе се направи купопродажниот договор???
Едноставно 50 евра се премногу за полицијава и не ми се даваат.И онака секој месец си има некои глупи давачки како даноци,такси и глупости,па криво ми е веќе и секој денар кој и го давам на државата,бидејќи истото не го заслужила.А зашто па и кога можам да не платам,да се правам мангуп и да плаќам.
Второ моторчето сеуште незнам ни како ќе се погоди,па да фрлам пари за регистрации и такви работи.Ипак се тоа половни и еден вид ризик е.Трето па и не ми треба за многу,туку за 2-3 месеци.Веројатно како што напоменав нема ни да се вози после.
Значи за пријател велев дека доколку ме застане полиција,можам без ништо да поминам.Работата е само дали има ограничување за договорот.Да не испадне после да неможам да извадам таблици и да ми остане како диво.
Инаку за полиција ич не се сеќирам.
Си имам луѓе на кои сум им завршил работа и верувам дека ќе им биде и драго да ги побарам,а не досадно.
Како бе договорот рок од 15 дена? Или сакаш да кажеш дека човекот треба да си го регистрира на свое име најмногу до 15 дена од купувањето?
Е ова и јас го прашувам