Автор Тема: Лоши вибрации од блокот на моторот кај C2  (Прочитано 9467 пати)

Отсутен c2c4

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Лоши вибрации од блокот на моторот кај C2
« Одговори #15 на: 22 Јули 2014, 15:01:27 pm »
Бев до мајстор на проверка, дијагнозата е следна:

Колата во минатото е возена без уље затоа што била удрена одоздола (за ударот одоздола сум запознаен), и треба да се направи ремонт. Звукот доаѓа одоздола, некаде кај радилицата. Значи, треба да се смени дихтунг, гумици за вентили, штрафови на глава, лагери за радилица (2 типа), карики, рамнење на вентилите и можно брусење. Да се извади картерот и да се ѕирне и таму.

Цената за потребните делови е следна. Цената е без работна рака

  • Дихтунг - 1600
  • Гумици за вентил - 450 (Незнам дали по вентил или комплет)
  • Штрафови за глава - 1500 комплет
  • Лагери за радилица - 2300 комплет
  • Карики - 4000 Комплет
  • Рамнење - 500 Комплет
  • Брусење - 400 Комплет


Се јавив и кај мојот матичен мајстор, ми кажа дека е прилично можно ова да е дијагнозата, но ми препорача да купам некој руски адитив за уље што кошта некаде околу 2000 денари и да си ја пробам среќата со тоа, демек можно е да го реши проблемот без да треба отворање на блокот.

Што ќе кажете вие?

« Последно менување: 22 Јули 2014, 15:13:26 pm c2c4 »

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Лоши вибрации од блокот на моторот кај C2
« Одговори #16 на: 22 Јули 2014, 15:16:49 pm »
Ја би ти препорачал да се отвори моторот и да се среди како што треба,не фрлај пари на адитиви,цениве се ок освен за карикиве некако многу ми се гледа,која марка се?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Лоши вибрации од блокот на моторот кај C2
« Одговори #17 на: 22 Јули 2014, 15:17:58 pm »
Ако стварно има такви механички оштетувања, адитив не те крпи.

Цениве се дури импресивно ниски. Заврши си работа и мирна глава.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Лоши вибрации од блокот на моторот кај C2
« Одговори #18 на: 22 Јули 2014, 15:19:59 pm »
Убаво ти кажа Влатко, фати направи ја како што треба да си немаш дополнителни главоболки :)
New blood of old school

Отсутен c2c4

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Лоши вибрации од блокот на моторот кај C2
« Одговори #19 на: 22 Јули 2014, 15:39:50 pm »
Тоа е и мое мислење. Цената ми е ок, а вреди моторот да се зачува. Има поминато едвај 75.000 км, колата е нова, освен што претходниот газда бил идиот (со извинение), а е земана и многу ефтино, 2300 евра, изгледа баш поради ова е и продадена.

Ќе се надоградам на темава штом ќе направам некаков прогрес во иднина, али здравје, после одмори :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Лоши вибрации од блокот на моторот кај C2
« Одговори #20 на: 22 Јули 2014, 15:42:32 pm »
Разумен чоек, почитување...

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Лоши вибрации од блокот на моторот кај C2
« Одговори #21 на: 22 Јули 2014, 17:02:16 pm »
Цените се топ! Реални се!

Ако поминеш со толку ...на коњ си. Ќе си имаш топ количе.

Смени држачи!

Отсутен bobi 903

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 135
Одг: Лоши вибрации од блокот на моторот кај C2
« Одговори #22 на: 22 Јули 2014, 18:10:31 pm »
nemas potreba od komplet remont problemot ti e vo radilicata znaci se vadi samo radilica bez da se rastura cel motor znaci samo dole i se obrabotuva vo zavisnost kolku e ostetena ke idat lageri prva ,vtora ili treta specijala ili eventualno druga radilica ako taa e mnogu ostetena i zavrsena rabota,motorot e so mala kilometraza ne veruvam deka ima ostetuvanja nagore taka da nepotreben trosok.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Лоши вибрации од блокот на моторот кај C2
« Одговори #23 на: 22 Јули 2014, 18:17:14 pm »
За овие пари - растурај све и смени све! Барем во иднина ќе бидеш раат и ќе ја знаеш состојбата на моторот.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Лоши вибрации од блокот на моторот кај C2
« Одговори #24 на: 22 Јули 2014, 20:35:49 pm »
nemas potreba od komplet remont problemot ti e vo radilicata znaci se vadi samo radilica bez da se rastura cel motor znaci samo dole i se obrabotuva vo zavisnost kolku e ostetena ke idat lageri prva ,vtora ili treta specijala ili eventualno druga radilica ako taa e mnogu ostetena i zavrsena rabota,motorot e so mala kilometraza ne veruvam deka ima ostetuvanja nagore taka da nepotreben trosok.
Нели мислиш дека чим успеал лагер на радилица да протропа поради немање гориво масло дека слична е ситуацијата и горе кај брегастите и вентилите?
« Последно менување: 22 Јули 2014, 20:47:28 pm Falangasaurus »

Отсутен c2c4

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Лоши вибрации од блокот на моторот кај C2
« Одговори #25 на: 22 Јули 2014, 20:42:47 pm »
nemas potreba od komplet remont problemot ti e vo radilicata znaci se vadi samo radilica bez da se rastura cel motor znaci samo dole i se obrabotuva vo zavisnost kolku e ostetena ke idat lageri prva ,vtora ili treta specijala ili eventualno druga radilica ako taa e mnogu ostetena i zavrsena rabota,motorot e so mala kilometraza ne veruvam deka ima ostetuvanja nagore taka da nepotreben trosok.
Нели мислиш дека чим успеал лагер на радилица да протропа поради немање гориво дека слична е ситуацијата и горе кај брегастите и вентилите?

Зошто поради немање гориво?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Лоши вибрации од блокот на моторот кај C2
« Одговори #26 на: 22 Јули 2014, 20:47:07 pm »
Немање масло пардон. Корегирано

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Лоши вибрации од блокот на моторот кај C2
« Одговори #27 на: 22 Јули 2014, 21:09:14 pm »
Ако е без масло воезна тешко дека се добрти хилзните, по моја логика.. Клипњачите се гледаат ако го извади картерот, што не е некој комлициран зафат, би требало да може да ги провери. Исто и радилицата, а нагоре не знам, ама мислам дека тешко да ги види вентилите оздола. Со тие маслата руски, т.е. медоините може да ја повозиш 10-15к км а меѓу време и да ја продајш... Ако немала масло и пумпата за масло може да е оштетена, па за 1-2 години да ја менуваш и неа. Мене за генерален ремонт ми изгледа волшебно ефтино, така да ако планираш да ја задржиш 1 глас + за ремонт и раат да си следните 6-7 години.

Отсутен bobi 903

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 135
Одг: Лоши вибрации од блокот на моторот кај C
« Одговори #28 на: 22 Јули 2014, 22:54:04 pm »
sekogas postojat isklucoci no dosega od iskustvo kazuvam sekogas proagalo so radilica za poevtino sekako,pretpostavka ako ima steta nagore ke trosi maslo.inace pri vakvi slucaevi sekogas strada prvo radilica odnosno lageri pa se ostanato

Отсутен c2c4

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Одг: Лоши вибрации од блокот на моторот кај C2
« Одговори #29 на: 22 Јули 2014, 23:12:47 pm »
Масло баш проверував пред малце, нема потрошено ич за 5000 км. Колку би ме коштало од прилика репарација на радалицата со работна рака?