Прва кола на која едбај и се сеќавам е зелен 101,воедно тоа било и прва кола на татко ми.
Наредно жолто југо 45, многу ја сакав колава, цела фамилија бевме до Турција со неа на одмор,плачев кога ја продадовме.
Прва кола која почнав да ја возам и да имам други изведби во неа откако положив Лада Самара 1300.
Меѓувремено поминаа многу службени коли по дома: Џета, Киа Сефиа, Кадет, Ибица итн. итн.
Криво ми е за еден Мерцедес 124 - Е 200 дизел, кој тукушто го донесоа од германија и го регистрираа, се јави газдата на татко ми дека трга да му го донесе, и после 15 мин се јави дека Мерцедесот не е на паркинг туку го украле.
Прва кола која јас сам си ја заработив и купив е сегашнава Вектра, претходната Вектра ми ја купија моите, ама сумата од нејзината продажба ми припадна мене, па така со моја доплата ја докопав оваа, незнам дали всушност и можам да ја вбројам во кола која е купена само од мене.