Автор Тема: Skoda Octavia RS 2.0 TDI  (Прочитано 13826 пати)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг:
« Одговори #45 на: 08 Август 2014, 12:10:24 pm »
Lepotica, so zdravje i od mene ;)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TDI
« Одговори #46 на: 08 Август 2014, 16:30:43 pm »
4 страни само некои лигавења, тинтири-минтири. Дај пиши нешто за колата. Импресии, фотки, ова-она.

Отсутен icemann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 679
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TDI
« Одговори #47 на: 08 Август 2014, 16:54:39 pm »
точно така се согласувам со фаланга. прекрасна кола но дај нешто слики видео импресии а у..

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TDI
« Одговори #48 на: 09 Август 2014, 11:41:00 am »
Ајде да пишам и импресии од возилото :)

Досега веќе имам поминато 2500 км и можам да кажам дека Октавијата е одлична. Споредувајќи ја со Голфот мислам дека е подобра во секој поглед (освен звукот:) ). Километрите досега ми се поминати претежно на отворено (~1800 на отворено) и досегашниот просек на потрошувачка за овие 2500 км е 6,2 л/100км. На отворено, со држење темпо 130-140 просекот се движи околу 5,2 до 5,5 л/100км.

Држењето на патот е феноменално, мултилинкот позади си го прави своето. Фабрички дојде со гуми Bridgestone Potenza S-001 кои сметам дека се полоши од Michelin Pilot Sport 3 кои ги возам на Голфот. Многу ми се допаѓа малиот круг на вртење на воланот - од нулта позиција до крај управувачот се врти само еден круг.

Опремата на возилото е повеќе од доволна и има работи кои никогаш не ги ни користам (темпомат на пример). Посебно ми се допаѓаат ксенон светлата кои помалку се вртат во кривини и го пратат движењето на воланот.

Удобноста во возењето е како кај спортска кола, прилично тврдо и се чувствува секоја нерамнина на патот. Улога тука имаат веројатно и 18" бандажи и Bridgestone-от кои се прилично тврди гуми. 18"ките се малку проблем за по нашите патишта, си сака внимавање, но не е нешто посебно страшно.

Досега немам најдено некоја поголема мана. Еднинствено што ми пречи (исто како и кај сите Октавии) е малиот резервоар - само 50л. Функционалноста на возилото, просторот за патници и за багаж е ист како и кај обичната Октавија - има место за се :). Предните седишта се феноменални, одлично држат при влегување во кривини и се доста удобни за долго патување.

Тоа е тоа сега за сега, ќе ја сликам деновиве и ќе ставам и некои нови слики.

П.С. Благодарност до cuoresportivo159 за налепниците, возилото ќе биде избрендирано во најскоро време :)
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг:
« Одговори #49 на: 09 Август 2014, 12:02:11 pm »
Се е супер ама темпомат да не ти треба и да не  користиш при толку патувања? Не би можел тоа :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TDI
« Одговори #50 на: 09 Август 2014, 12:06:58 pm »
Јас го користам низ град понекогаш, а камо ли на отворено. Секој со своите потреби.

1000км рејнџ со 130кмч не е малку. :) Ама ти сакаш Е класа автономија изгледа. :)

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TDI
« Одговори #51 на: 09 Август 2014, 12:12:35 pm »
Имам темпомат на сите коли, ама воопшто немам навика да го користам.

@Deni на толкава кола требало да стават барем 70л. Па да одам 1300км со еден резервоар :)
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TDI
« Одговори #52 на: 09 Август 2014, 17:35:56 pm »
Пробај со плинска боца од 60 литра и напикај и дизел унатре ;P

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TDI
« Одговори #53 на: 29 Август 2014, 11:14:28 am »
Денес додадена некоја коњска сила на Октавијата, благодарение на Car Club :)





Инаку возилото веќе има поминато 4500 километри, за сега сум презадоволен. Перформансите се одлични, потрошувачката исто така.

П.С. Видов дека некаде имаше дискусија потрошувачка на 1.6 ТДИ против 2.0 ТДИ. Moжам да кажам дека кај Октавиите 1.6 троши половина литар помалце од 2.0 во РС, при исто возење. Тоа може да се должи на малку поголемата тежина и пошироки гуми (205 вс. 225). Сепак во реалноста таа разлика е поголема бидејќи е тешко РС-от да се вози 120-130 :)
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TDI
« Одговори #54 на: 29 Август 2014, 11:28:57 am »
Одма е друго. Заличела! :)

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TDI
« Одговори #55 на: 29 Август 2014, 13:12:28 pm »
Ја пробав пред некое време,за тие пари дефинитивно најпристојно нешто што може да се добие за овие пари.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TDI
« Одговори #56 на: 29 Август 2014, 13:16:13 pm »
П.С. Видов дека некаде имаше дискусија потрошувачка на 1.6 ТДИ против 2.0 ТДИ. Moжам да кажам дека кај Октавиите 1.6 троши половина литар помалце од 2.0 во РС, при исто возење.

Истото го пишува и во техничкие спецификации, кои не се релевантни нели ;)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TDI
« Одговори #57 на: 29 Август 2014, 13:16:57 pm »
Богами, со 80 коња помалку, уште да не троши пола литар помалце..

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TDI
« Одговори #58 на: 29 Август 2014, 13:19:26 pm »
Сепак со 35кс (или 50кс) повеќе 2.0 троши помалку на 120кмч. Каква коинциденција.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TDI
« Одговори #59 на: 29 Август 2014, 13:33:55 pm »
Богами, со 80 коња помалку, уште да не троши пола литар помалце..
Сети се на сеичентото дома што го имаш :) Или на Up! бензинец колку троши :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.