Ајде да пишам и импресии од возилото
Досега веќе имам поминато 2500 км и можам да кажам дека Октавијата е одлична. Споредувајќи ја со Голфот мислам дека е подобра во секој поглед (освен звукот:) ). Километрите досега ми се поминати претежно на отворено (~1800 на отворено) и досегашниот просек на потрошувачка за овие 2500 км е 6,2 л/100км. На отворено, со држење темпо 130-140 просекот се движи околу 5,2 до 5,5 л/100км.
Држењето на патот е феноменално, мултилинкот позади си го прави своето. Фабрички дојде со гуми Bridgestone Potenza S-001 кои сметам дека се полоши од Michelin Pilot Sport 3 кои ги возам на Голфот. Многу ми се допаѓа малиот круг на вртење на воланот - од нулта позиција до крај управувачот се врти само еден круг.
Опремата на возилото е повеќе од доволна и има работи кои никогаш не ги ни користам (темпомат на пример). Посебно ми се допаѓаат ксенон светлата кои помалку се вртат во кривини и го пратат движењето на воланот.
Удобноста во возењето е како кај спортска кола, прилично тврдо и се чувствува секоја нерамнина на патот. Улога тука имаат веројатно и 18" бандажи и Bridgestone-от кои се прилично тврди гуми. 18"ките се малку проблем за по нашите патишта, си сака внимавање, но не е нешто посебно страшно.
Досега немам најдено некоја поголема мана. Еднинствено што ми пречи (исто како и кај сите Октавии) е малиот резервоар - само 50л. Функционалноста на возилото, просторот за патници и за багаж е ист како и кај обичната Октавија - има место за се
. Предните седишта се феноменални, одлично држат при влегување во кривини и се доста удобни за долго патување.
Тоа е тоа сега за сега, ќе ја сликам деновиве и ќе ставам и некои нови слики.
П.С. Благодарност до cuoresportivo159 за налепниците, возилото ќе биде избрендирано во најскоро време