Сите сме ние против тоа меѓутоа кога Бугарскиот пасош ти претставува полесен начин да зилезеш од државата и да си го средиш животот, ако не за тебе барем за дечињата тогаш зошто да не.
Никогаш не сум разбрал како се средува живот надвор од државата а и ова за дечињата исто. Јас искрено за мене си живеам. Тешко децата ако родителите не си го живеат животот.
Друже ти очигледно не познаваш некој што се иселил од Македонија и живее некаде во земјите на ЕУ, САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд. Кога би познавал некој таков би знаел дека отишол затоа што не видел перспектива за себе и иднина за децата во МК, да не пишувам џабе зошто и од кои причини. Јас лично не гледам иднина за моето дете во МК и затоа ми е цел да го извадам некаде надвор. Примери дека животот за нас Македонците е подобар надвор од МК имам колку сакаш, можам да ти пишувам во недоглед. Имам луѓе од фамилија иселени, пријатели и познаници премногу. Сенадевам еден ден и јас ќе бидам еден од нив.
Доколку ти твојата иднина ја гледаш во МК го почитувам тоа затоа што ако тебе ти е добро тука нема ништо спорно во тоа. За жал поголемиот дел од Македонциве излезот го гледаат надвор од државата. Да не ги спомнувам другите земји од Балканот, особено Бугарите и Хрватите како најтазе влезени во ЕУ или Грците.