Автор Тема: Европски пасоши и странско државјанство  (Прочитано 141294 пати)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4286
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #150 на: 03 Септември 2015, 10:18:27 am »
тек после изборите во 2016 што избеглици ќе има од државава,има да се чудиме сите

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #151 на: 03 Септември 2015, 10:22:44 am »
Елајте си всички при мен :)  Порано со 300 тортури не успеале да ги натераат да сменат вера и нација, сега за 25год направија да си ја замразиме државва.

не направија они ништо,  само мудро изиграа одпосле... јас сум бил против пасош бугарски. ептен. и сеуште сум. можда и ке ја прекинам постапката, незнам... дедо ми иљо у гроб би се превртел да дознае.

бидејки знам дека сега (не ради мене туку општо) ке се појават хејтери на темава, кои глумат патриоти а се уствари тешки шовинисти, одма да нагласам дека во ниеден момент не сум размислувал за бугарски пасош заради поевтина кола на пример... ако воопшто ја продолжам процедурата, тоа е заради некои други предности на тој пасош. но ако се сменат работите со македонскиот пасош, одма ама ОДМА прекинувам постапка, чак што више ако и сум го земал пасошот, КЕ ГО ВРАТАМ и ке се откажам од бугарско државјанство!!!
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #152 на: 03 Септември 2015, 10:32:56 am »
Сите сме ние против тоа меѓутоа кога Бугарскиот пасош ти претставува полесен начин да зилезеш од државата и да си го средиш животот, ако не за тебе барем за дечињата тогаш зошто да не. Кога сите земаа пред десетина години кога доволно беше само да им кажеш: "Аз сам Б'лгарин" јас ги правев глупи и изигравав патриот а такви ги има премногу во моето опкружување, сега сфаќам колку јас уствари сум бил со светлосни години заостанат. Државата наша не се замара што преку ноќ толку Македонци станаа Бугари па јас ќе се замарам. Како беше онаа нивната: "Еле сме с'штата хора" ;D ;D ;D ;D ;D
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1458
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #153 на: 03 Септември 2015, 10:57:12 am »
Сите сме ние против тоа меѓутоа кога Бугарскиот пасош ти претставува полесен начин да зилезеш од државата и да си го средиш животот, ако не за тебе барем за дечињата тогаш зошто да не.
Никогаш не сум разбрал како се средува живот надвор од државата а и ова за дечињата исто. Јас искрено за мене си живеам. Тешко децата ако родителите не си го живеат животот.

Отсутен A4-B8

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 544
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #154 на: 03 Септември 2015, 11:05:54 am »
Се средува живот многу полесно негу у оваа наша вукојебина....

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #155 на: 03 Септември 2015, 11:32:45 am »
Сите сме ние против тоа меѓутоа кога Бугарскиот пасош ти претставува полесен начин да зилезеш од државата и да си го средиш животот, ако не за тебе барем за дечињата тогаш зошто да не.
Никогаш не сум разбрал како се средува живот надвор од државата а и ова за дечињата исто. Јас искрено за мене си живеам. Тешко децата ако родителите не си го живеат животот.

Друже ти очигледно не познаваш некој што се иселил од Македонија и живее некаде во земјите на ЕУ, САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд. Кога би познавал некој таков би знаел дека отишол затоа што не видел перспектива за себе и иднина за децата во МК, да не пишувам џабе зошто и од кои причини. Јас лично не гледам иднина за моето дете во МК и затоа ми е цел да го извадам некаде надвор. Примери дека животот за нас Македонците е подобар надвор од МК имам колку сакаш, можам да ти пишувам во недоглед. Имам луѓе од фамилија иселени, пријатели и познаници премногу. Сенадевам еден ден и јас ќе бидам еден од нив.

Доколку ти твојата иднина ја гледаш во МК го почитувам тоа затоа што ако тебе ти е добро тука нема ништо спорно во тоа. За жал поголемиот дел од Македонциве излезот го гледаат надвор од државата. Да не ги спомнувам другите земји од Балканот, особено Бугарите и Хрватите како најтазе влезени во ЕУ или Грците.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55052
  • Махер
Одг: Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #156 на: 03 Септември 2015, 11:50:16 am »
Сите сме ние против тоа меѓутоа кога Бугарскиот пасош ти претставува полесен начин да зилезеш од државата и да си го средиш животот, ако не за тебе барем за дечињата тогаш зошто да не.
Никогаш не сум разбрал како се средува живот надвор од државата а и ова за дечињата исто. Јас искрено за мене си живеам. Тешко децата ако родителите не си го живеат животот.
Така што убиваш една генерација (твојата) и ги изнабутуваш своите деца да се родат како Германци, Грци, Швајцарци или слично. Потоа ти си го дожтрвуваш својот живот за нив комплетно со корнење од работа и земање на потпросечно се. Потоа се пензионираш со странска пензија и се враќаш во Македонија со 2000евра пензија и живееш остатокот од животот после 60тата година како бог во Македонија. Децата си се задружени и задоени таму кај што си бил и немаат појма за тебе или било кој во Македонија освен што одат на одмор во Грција како егзотична земја.

Животот ти е решен на тебе по 60тата година и на децата твои. Си решил многу голема работа за своето поколение, но тоа те коштало 30 години работа во странство како странец. Некои издржуваат.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #157 на: 03 Септември 2015, 11:50:32 am »
Ко ќе ја земете првата европска плата со бугарски пасош сваќаш дека многу помудро си постапил од сите инжињери, доктори, адвокати и судии у вукојебинчево ...

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #158 на: 03 Септември 2015, 11:52:00 am »
Особено ако ја трошиш платата тука, не во европа.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1458
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #159 на: 03 Септември 2015, 11:57:45 am »
Имам од фамилија, сестрами живее и работи односно специјализира во Германија и точно знам како е во странство. Инаку и јас бев одредено време надвор. И само едно ќе кажам. Тој што незнае овде ништо нема да направи ни надвор. Ќе се надева и ќе се пали на пензијата. Јако....

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #160 на: 03 Септември 2015, 12:02:51 pm »
Што вели сестра ти, каде и е поубаво, во Германија со Германска плата или кај нас со Македонска плата? Ако сеуште е таму зошто не се врати да живее во Македонија?
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #161 на: 03 Септември 2015, 12:26:37 pm »
Имам од фамилија, сестрами живее и работи односно специјализира во Германија и точно знам како е во странство. Инаку и јас бев одредено време надвор. И само едно ќе кажам. Тој што незнае овде ништо нема да направи ни надвор. Ќе се надева и ќе се пали на пензијата. Јако....

И јас знам точно како е, и сум бил таму, и знам луѓе во струката на сестра ти (што е и моја струка) кои отишле таму, во јануари бев на гости кај еден мој колега, плус татко ми таму работи како специјалист и јас за неколку месеци ќе почнам да специјализирам, во секој случај подобро да лижам германски чист газ на некоја Хелга или Ханс отколку тука смрдливи газови на некои грујовисти или бранковисти во локален партиски комитет.
Зини да ти кажу.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7437
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #162 на: 03 Септември 2015, 12:41:32 pm »
Чисто онака, уз вашиот муабет за децата и нивната иднина...  Нели треба оваа бројка да биде правопропорционална ? :)


                                                                                            ученици                                      наставници

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 883
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #163 на: 03 Септември 2015, 13:11:45 pm »
Чисто онака, уз вашиот муабет за децата и нивната иднина...  Нели треба оваа бројка да биде правопропорционална ? :)


                                                                                            ученици                                      наставници
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Од каде е статистикава?

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7437
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #164 на: 03 Септември 2015, 13:19:42 pm »
Ја најдов на твитер. Не можам да гарантирам за 100% точност, но вака општо гледано- од око што се вика, точна ќе да е. ;D :D