@Nakolce Не верувам да не игра улога. Увезување на кола во Швајцарија не е исто како во ЕУ, у тоа сум сигурен. Слично е како да увезуваш кола од ЕУ во Македонија, само мислам постриктно. Се плаќаат некои давачки, бар Швајцарците си ибале векот за пари.
@elpapi Најдобро ти е да се јавиш во Strassenverkehrsamt или канцеларија за сообраќај у кантонот кај што планираш да се селиш и да се информираш од прва рака. Вака од рекла-казала, неможе никој да ти даде 100% точни информации. Јас сум таму, ама никогаш не сум увезувал кола од надвор, али газдата мој увезуваше скоро ново БМВ од Минхен, па знам отприлика од тоа што ми прекажал. Знам дека има некоја такса што се плаќа на кило од колата. Ја мерат и мислам дека плаќаш 1 или 2 франака на кило. После тоа мора на технички да помине возилото без никаков проблем.
Пријателски совет: Ако мислиш дека Швајцарците ќе ги зезнеш и дека нема да им платиш за таблици, регистрации и слично возејќи на странски таблици, си се зезнал

. Овие живат од даноци и давачки и затоа немам видено еден странец што познавам (Италијанец, Португалец, Германец, Француз) да вози цело време кола на странски таблици. Ако живееш тука, ќе си ги плаќаш друже сите давачки ко попче, плус ќе допринесуваш од казни пошто на секое ќоше си има камерчиња.
Али све тоа на страна, прекрасна земја е
