Не треба секогаш кога ќе изгубиме вината да ја бараме кај судиите. Виновен за поразот беше комунистичкиот шут од табла, на среќа, во последна секунда. Јеби га влезе. Ние имавме многу слободни фрлања промашено.
Факт е дека играме многу подобро кога не сме под притисок и можеме да се носиме со секого.
Колку што сме големи во победа, исто толку треба да бидеме и во пораз.
Марјанот се што сакав е да не изгубиме со многу разлика, така да и не сум разочаран АМА утакмицата ни ја земаа судиите, пред очи му се случи аут што и деца од 4 години знаат дека беше аут.
Чиста украдена утакмица од судиите...
Секоја чест за начите момци, ништо повеќе немора да напраат ако јас се прашувам, веќе сум задоволен.
Судиите секогаш правеле и ќе прават грешки, ама ниту еден од тројцата судии не фрли бугарска од табла во последна секунда. Далеку од тоа дека јас ги бранам судиите, само после вакви натпревари ние никогаш не сме самокритични туку бараме вина кај друг.
Само за потсетување, 10 од 18 шута од линија за слободни, премалку е.
Нашиот тим за разлика од сите досега кои сум ги гледал, има неверојатна хемија и мотивација и тоа го ценам. Постигнувањето на ова ЕП ќе остане запишано засекогаш и запамтено за секогаш во нашите глави

Колку што сме големи во победа, исто толку треба да бидеме и во пораз.
Непостои големина во поразот. Голем си додека победуваш. Кога ќе те победат веќе е крај.
Убаво што така размислуваш, ама не се согласувам. Незнам дали си се бавел со спорт некогаш, за да искусиш пораз и што значи да се остане голем во пораз, да не потклекнеш, да не се демотивираш, да не паднеш психички и наредниот натпревар да го одиграш со дупло повеќе сила и храброст. Ова поубаво може да го објасни Спортекс, пошто активно и професионално се занимавал со истиот спорт.
Ако е крај кога ќе те победат, си ја утнал професијата, ајде да ги вратиме нашиве, доста им е и до толку што направија. Мислам дај.