Гледам има доста тука што ги разбираат веспиве. Мислење за Vespa PX 150, нова 2011 година?
Потрошња, квалитет, сервис кај нас? Нешто друго што е специфично, маани, предности?
Па како маана би можел само да кажам дека има мали тркала, како што успеав да видам 10“ , што со оглед на кратерите низ градов, би можело да биде доста опасно. Мое мислење е дека треба мин. 12“.
Друго, незнам дали имаш А категорија, пробај да ја провозиш, да видиш дали ке ти „лежи“ а најдобро е со уште 1 (некои скутери не се баш за со 2, мали се а овој ми делува за таков).
Конкретно за моторот, квалитетот и сл. не ми можел да те пишувам, бидејки не сум имал таков мотор, меѓутоа сигурен сум дека е се како што треба со нив.
Најдобро е (како и за други работи) да си поставиш лимит на пари, види ги сите понуди, и ке го најдеш тоа што најмногу вреди за твоите пари.