Навистина многу добро возило за нашите услови. Пред се во суспензија, и изработка, но нажалост со големите мани на високото седење како во трпезарија.
Немаше темпомат оваа верзија, што малку не ја сфаќам - зошто Рапид во основно ниво имаше темпомат. Чудно. Моторот со 110кс е одличен основен мотор, но ако го споредам со Јети со 170кс сепак е малку послаб за повлекување. И двете влечат повеќе од доволно, зависи за каква употреба ќе се користи колата, но и кај двата го нема оној момент на немање сила за тежината. Иако има само 110кс едниот мотор. Оној со 170кс претпоставувам дека е единствениот кој е соодветен за други држави. Без погон на сите 4 тркала, може да има ефект во град за совладување на дупки, но мислам дека 4х4 би требало да е некоја нормала (иако не е многу висока колава) моделот со 170кс имаше 4х4 па се забележува при тргнување и мокри површини дека многу е намалено пролизгувањето на тркалата. И подобро повлекува иако нема тракција.
За цена од 18.000 евра мислам дека неможе никој ни од далеку да му се приближи. Многу добро возило. Браво. Темпомат мора да има само.