За мене е тотална моронштина тоа зелен картон. Тоа треба да си биде составен дел од автомобилско осигурување. Дали ќе ме акнат у МК или у странство, треба да си покрие осигурувањто за штети од трети лица. И тоа е тоа. Зошто воопшто посебно нешто да се праи, ако си во странство? Малце целиот концепт е глуп. Веројатно имало некад во минатото некоја поента таков концепт, ама сега, во денешно време тотално е безвезен.
Потполно се сложувам. Во Германија зелениот картон не се наплаќа посебно, плус бел е
![Smiley :)](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/smiley.gif)
Него, еве колку плаќам јас годишно за Golf Sportsvan 1.0 TSI, 2019та година, за 15К км (за повеќе км годишно се плаќа повеќе):
- задолжително АО: 202 еур
- Целосно каско со учество 300 еур/делумно каско со учество 150 еур: 260 еур
- осигурување на возачот: 23 еур
- осигурување од штети во странство за лица и имот: 9 еур
Се вкупно 494 еур
На сајтот на
Осигурителна полиса со калкулаторот го добив следново за каско:
Вредност на возило во денари
1.500.000
Осигурување од кражба
Да
Франшиза во евра:
Франшиза 400 евра
Вкупно премија: 27.300,00 МКД
За еднократно плаќање на премијата во
рок од 15 дена одобруваме попуст од 10%: 24.570,00 МКД или 400 еур
Додека за АО на сајтот на
СН Брокер го добив следново:
6383 денари, за 5 год немање штета, или 100 еур.
Значи со се каското искача 500 еур.
Додај зелен картон, искача 590 еур, пошто колата е 116 кс.
Да, поефтино е осигурувањето во Македонија, но само основното. Со каско и со зелен картон искача, барем во оваа пресметка, поефтино во Германија со овој осигурувач. Има други доста поскапи.