Работава е дали да плачеш или да се смееш.
Дали треба човек да те жали или да ти се изнасмее во фаца.
Извини, но жал ми е што целата твоја добрина е злоупотребена. Жал ми е што тоа ти се случило.
Од друга страна ич не ми е жал затоа што ти си самиот крив за се што ти се случило.
Правда?
Правдата е на нејзина страна.
Фино лепо девојката имала полномошно, ти си и го дал и си потпишал со две раце, никаде не пишува дека не смее да ги троши парите.
Штом ти си ја овластил, практично си и ги одврзал рацете и си рекол пред законот, гајле ми е, она си е голема може да прави што сака.
На крајот ти си останал со празни раце, со празни џепови, + фино лепо некој ја подучил да те пријави за малтретирање, и уште толку да ја закомплицира работата. Она си е чиста во тој поглед пред законот.
Каков е судскиот систем во државава, не ме чуди да бидеш обвинет за малтретирање. тормозење, навреда итн итн, се фино и убаво што ке ти го спакува девојката. + Ке треба да и платиш и казна и на неа за претрпан страв и слично...
Дај боже да ти помогне некоја виша сила, ако постои, пошто друг излез не гледам од ситуацијата.
Нека ти е господ на помош.
Памет за понатака во животот, не само на тебе, туку и на сите кој ја читаат темата.