Автор Тема: Редовен сервис Цитроен Ц3 1.4 HDi 2011  (Прочитано 5075 пати)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Редовен сервис Цитроен Ц3 1.4 HDi 2011
« на: 23 Јуни 2014, 07:30:01 am »
Дојде време за редовен сервис за Цитроенчево на 28000км.

Бидејќи дефинитивно нема да го носам во Автонова, се мислам за во Цилаз. Какви искуства имате со овој сервис?

Сугестија за некој друг сервис можеби? (битно е да може на фактура)

И што све треба да се промени во склоп на редовниов сервис на 28000км? Сугестија за квалитетни делови (марки и од каде да се купат, и цени ако знаете)?

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4191
Одг: Редовен сервис Цитроен Ц3 1.4 HDi 2011
« Одговори #1 на: 23 Јуни 2014, 07:39:43 am »
коректни се во Цилаз,за редовен сервис ја би ја однел таму или во сервис Дац мислам се викаше,не би требало да има скоро никаква разлика у цена.За други интервенции,мислам дека Дац се прилично поефтини.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43644
  • Il Moderatore
Одг: Редовен сервис Цитроен Ц3 1.4 HDi 2011
« Одговори #2 на: 23 Јуни 2014, 08:09:30 am »
ZX-от секогаш коректно беше сервисиран во ДАЦ. Се наоѓа кога одиш од порта влае накај лепенец, веднаш после новата бензинска Лукоил (од десна страна). 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Редовен сервис Цитроен Ц3 1.4 HDi 2011
« Одговори #3 на: 23 Јуни 2014, 09:24:55 am »
Што да очекувам дека ќе се менува?

Квалитетни марки на тие делови?

Цени?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54952
  • Махер
Одг: Редовен сервис Цитроен Ц3 1.4 HDi 2011
« Одговори #4 на: 23 Јуни 2014, 09:27:01 am »
Цилаз за ZXот се грижеше добро.

Уље, сите филтри, пакни ако си ги изел - веројано не. Толку.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Редовен сервис Цитроен Ц3 1.4 HDi 2011
« Одговори #5 на: 23 Јуни 2014, 09:29:08 am »
Цилаз за ZXот се грижеше добро.

Уље, сите филтри, пакни ако си ги изел - веројано не. Толку.

Ако баш сакам да ставам квалитетни работи..

Кое уље? (Марка, тип). Дали Тотал Quartz 9000 е ок уље, или за Цитроен можеби е друго посоодветно?

Која марка на филтри?

Која марка Пакнови?

И знае некој орентациони цени на истиве?

п.с. Од кога го имам прв пат ќе оди на сервис

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54952
  • Махер
Одг: Редовен сервис Цитроен Ц3 1.4 HDi 2011
« Одговори #6 на: 23 Јуни 2014, 09:36:19 am »
1. Шел порано. Сега Тотал, но незнам кој и како. Со соодветна градација и стандард.
2. Филтри само да се од Европско производство. Бош, Мобил1, Фрам... било која убава марка.
3. Феродо ако има.
4. Симболични цени, само филтер за нафта и полен се скапи.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43644
  • Il Moderatore
Одг: Редовен сервис Цитроен Ц3 1.4 HDi 2011
« Одговори #7 на: 23 Јуни 2014, 09:56:09 am »
Дали праша колку ќе те чини сервисот во овластен сервис? Ако не си, прво информирај се, да видиш кај си со цени, со овие неовластените специјализирани.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Редовен сервис Цитроен Ц3 1.4 HDi 2011
« Одговори #8 на: 23 Јуни 2014, 15:19:20 pm »
Дали праша колку ќе те чини сервисот во овластен сервис? Ако не си, прво информирај се, да видиш кај си со цени, со овие неовластените специјализирани.

Во Автонова бев еднаш да ми сменат сијаличка. Не бев задоволен од односот, а и истото и дури купував, па решив тој сервис воопшто да не го сметам како опција, па макар бил и поевтин.

Им побарав понуда на Цилаз, и сега за сега ми личат ок. Ќе ја носам колата утре/задутре па ќе споделам искуство.

Инаку до сега ги пупмав гумите 2.3 напред, 2.5 позади (спецификација за натоварено возило).

Вчера ја пробав со другата спецификација односно 2.1 напред, 2.0 позади (на вратата има нормална спецификација, и за натоварено возило).

Тотално друга кола... Далеку и постабилна и поудобна и све.. Скопје-Охрид точно  2 часа. Целокупен просек на порошувачка Скопје-Охрид-Скопје 4.7 Л/100

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43644
  • Il Moderatore
Одг: Редовен сервис Цитроен Ц3 1.4 HDi 2011
« Одговори #9 на: 23 Јуни 2014, 15:27:03 pm »

Инаку до сега ги пупмав гумите 2.3 напред, 2.5 позади (спецификација за натоварено возило).

Вчера ја пробав со другата спецификација односно 2.1 напред, 2.0 позади (на вратата има нормална спецификација, и за натоварено возило).

Немој вакви „точкарски“  финти со притисоциве  ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Редовен сервис Цитроен Ц3 1.4 HDi 2011
« Одговори #10 на: 23 Јуни 2014, 15:30:20 pm »

Инаку до сега ги пупмав гумите 2.3 напред, 2.5 позади (спецификација за натоварено возило).

Вчера ја пробав со другата спецификација односно 2.1 напред, 2.0 позади (на вратата има нормална спецификација, и за натоварено возило).

Немој вакви „точкарски“  финти со притисоциве  ;D

Озбилно голема разлика. Кога пумпав позади 2.5 рипаше цела кола и беше онака без врска.. 2.0 позади тамам си е сега :)

Инаку Цилаз ми се допаѓа што ми дадоа понуда за саглам уље (Total Quartz 9000),  а  останатите компоненти (филтри) се Purflux.

Што фирма е Purflux? Саглам?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43644
  • Il Moderatore
Одг: Редовен сервис Цитроен Ц3 1.4 HDi 2011
« Одговори #11 на: 23 Јуни 2014, 15:32:41 pm »
2.5 е нормален притисок за тонипол кола со 17“ бандаши :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54952
  • Махер
Одг: Редовен сервис Цитроен Ц3 1.4 HDi 2011
« Одговори #12 на: 23 Јуни 2014, 15:35:50 pm »
2.5 е нормален притисок за тонипол кола со 17“ бандаши :D
Или за Ц3 со 4-5 луѓе и багаж. :)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Редовен сервис Цитроен Ц3 1.4 HDi 2011
« Одговори #13 на: 23 Јуни 2014, 15:38:18 pm »
2.5 е нормален притисок за тонипол кола со 17“ бандаши :D

Да сум искрен, не ја приметив втората налепница :)  со другите вредности. Вчера случајно приметив :).

Скокањето си го објаснував со лоши амортизери :)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Редовен сервис Цитроен Ц3 1.4 HDi 2011
« Одговори #14 на: 25 Јуни 2014, 14:05:22 pm »
Денес направен редовниот сервис во Цилаз Лазе.

Сменето:

Масло Total Quartz 9000 5-40W

Филтер за масло

Филтер за воздух

Филтер за Гориво

Филтер за Полен

Сите филтри се Purflux.

Све комплет со работна рака ме чинеше 7530 МКД.


И морам да ги пофалам како сервис, презадоволен сум и од односот и од професионалноста.