Eпа после 3 недели и кусурот додека чекав сообраќајни, кои денеска ги зедов,
одам да ја запалам колата да ја извадам од гаража да ја наместам предната таблица и што се случува:
- На првото палење колата се труди да запали ама не стартува и на борд излегува Injection fault,
односно со едно притискање на копчето таа пробуваше едно 3-4 пати, неуспешно...
- На второ палење истото...
- На трето палење истото, само овој пат не излегуваше грешката туку ништо не вадеше...
- После некое време читање по интернетов, одам уште еднаш да пробам да ја запалам,
и колата направе едно крррр... и толку, повеќе не се ни обидов.
Во меѓувреме измеѓу третиот и четвртиод обид, отворив хаубата да не забележам нешто ептен очигледно,
ништо посебно освен, воздух во цревото помеѓу филтерот и тоа меурот црн, можи да се види на сликата.
Зад меурот претпоставувам оди цревото дирек врезервоар и се гледа по бојата дека е полно(претпоставувам),
а после меурот празно едно 10-15цм,
исто така и тие две црева што одат во пумпата, injector pump таа е та?, изгледаат полни.
По бојата а и вгаража не можам убо по темници да заклучам со сигурност, ама изгледа дека цревото е полно.
Е сега што е работата, дизел филтерот според сервис ливчето во моторот е сменат пред 3000км, 6 месеци,
немам турено нафта од кога ја купив од човекот, а ги направив едно 100км, и палеше од прва.
Не беше запалена 3 недели едно 25 дена можи, не беше на резерва не светеше сијаличето, па дали и колку нафта
испаре ако тоа е возможно не знам. Не сакам да ја палам уште еднаш да не направам поголема штета а како што читам,
дали со стискање на меурот ќе го извади воздухот од цревото, па тоа да правеше толкав проблем?