Автор Тема: Често вклучување на вентилаторот на моторот?  (Прочитано 4060 пати)

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 257
Едно прашање. Често ми се уклучува вентилаторот за ладење на моторот на 1.6Д машина и тоа претежно на кратки релации и останува вклучен накај 3 мин. На долги релации нема таков проблем. Стрелката на таблата е фиксирана на 90 степени, а компјутерот не покажува никакви знаци на прегревање. Мислење?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Често вклучување на вентилаторот на моторот?
« Одговори #1 на: 04 Јуни 2014, 22:55:16 pm »
Вози! Тоа му е работа на вентилаторот.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: Често вклучување на вентилаторот на моторот?
« Одговори #2 на: 04 Јуни 2014, 23:00:52 pm »
Шо кола е,која година е произведена,колку км има поминато?На колку кратки релации се уклучува?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 257
Одг: Често вклучување на вентилаторот на моторот?
« Одговори #3 на: 04 Јуни 2014, 23:04:32 pm »
Volvo c30, 2009 so 95k. На околу 15-20 км. После тоа нема ништо. Е сега може дека прилично ретко се вози, само сабота и недела, и обично после 5 дена на првото возење се дешава.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: Често вклучување на вентилаторот на моторот?
« Одговори #4 на: 04 Јуни 2014, 23:07:09 pm »
15-20 км се доволно за моторот да постигне работна температура,па и да дојди до уклучување на перката,посебно ако е лош терен или низ град.Ако немаш сменето термостат до сега не е лошо да си го провериш,онака случајно.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 257
Одг: Често вклучување на вентилаторот на моторот?
« Одговори #5 на: 04 Јуни 2014, 23:11:23 pm »
Па може да се каже дека претежно е град или угорница. Инаку во план сум да ја менувам течноста за некој ден, па ќе го проверам и термостатот.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Често вклучување на вентилаторот на моторот?
« Одговори #6 на: 05 Јуни 2014, 00:59:31 am »
Антифризот во ладилникот се лади од воздухот што струи додека возиш. Но бидејки викаш кратки релации, плус угорница спомнуваш, ондак струењето на воздухот е мало па мора вентилаторот да се пушти за да овозможи постојано струење на воздух низ ладилникот.
Чист пример, извади ја раката низ прозор додека возиш и ке осетиш дека воздухот ти ја лади. Потоа кога ке застанеш во место, пак извади ја, нема да осетиш ладење од воздухот пошто си во место. Затоа е ставен вентилаторот.
Така да се ти е ок според мене. ;)

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 257
Одг: Често вклучување на вентилаторот на моторот?
« Одговори #7 на: 05 Јуни 2014, 12:01:45 pm »
Искрено пред некое време забележав дека ладилниот е доста нечист. Имаше некои шумки, инсекти што ги собираш во текот на возењето. Прабав да го исчистам ама не успеав којзнае колку. Може тоа е проблемот дека воздухот не може да помине и да го излади антифризот на кратки релации, а на долги дека се вози побрзо и има поголемо струење, воздухот си ја врши работата и вентилаторот нема потреба да се уклучува. Сега прашање е дали постоечкиот ладилник може да се исчисти или да си ставам нов. Како што погледнав се движат некаде околу 80 евра, а за местење не би требало да е комплицирано.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Често вклучување на вентилаторот на моторот?
« Одговори #8 на: 05 Јуни 2014, 12:57:05 pm »
Може, со вап пробај исчисти го.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Често вклучување на вентилаторот на моторот?
« Одговори #9 на: 05 Јуни 2014, 17:56:05 pm »
Фило после ти да му купи нов хладњак важи :D никако со вап чистење хладљак!

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг:
« Одговори #10 на: 05 Јуни 2014, 18:16:50 pm »
Види овие клими што монтираат, ги чистат ладниците на климите со компресор и некоја течност за таа намена. Пробај обрати се до нив што ке то кажат.

Ама јас мислам дека немаш проблем со колата.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Често вклучување на вентилаторот на моторот?
« Одговори #11 на: 05 Јуни 2014, 20:46:49 pm »
Никако со вап, ќе се дозаебе уште толку

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Често вклучување на вентилаторот на моторот?
« Одговори #12 на: 05 Јуни 2014, 21:14:17 pm »
Не е „никако со вап“, туку “внимателно со вап“.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Често вклучување на вентилаторот на моторот?
« Одговори #13 на: 05 Јуни 2014, 21:15:06 pm »
Тешко дека можеш да бидеш внимателен со вап а воедно и ефикасен.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Често вклучување на вентилаторот на моторот?
« Одговори #14 на: 05 Јуни 2014, 21:19:21 pm »
Вапот на најширок млаз и од пристојно растојание. Нема да има никаков проблем, освен ако веќе не се раздрндани алуминиумските ламели, а тоа не верувам дека на 5 години стара кола ќе се деси.

Сепак, што се однесува до „проблемот“, јас мислам дека колата нема никаков проблем. Поготово што не е дефинирана „честотата“ на честото вклучување. А и да е дефинирана, според мене нормално е вентилаторот да уклучува и исклучива периодично. Периодата зависи од надворешните температурни услиови и оптеретувањето на колата. Исто така, ако е вклучена климата, тогаш може да има промена во работата на вентилаторот.