Значи тоа што го напишав е само пример и предлог кој не мора да биде прифатен. Само јас мислам дека така секој што ќе отвори и прочита, ќе му биде јасно ОД КАДЕ И КОГА ќе се тргнува, а и членовите ако пишат од каде се, ќе се знае од кој град колку возила/луѓе ќе има. Мислам дека тоа е убаво да се знае.
Исто предлогот да се тргнува од излезот на секој град кон Гевгелија, (по мое) е најдобар затоа што секој што планира да оди мора да помине од таму! А пр. за скопје за кај Борис Трајковски, некој од автокоманда треба да сврти цел круг околу ск за да биде во групата, што е малку глупо. Инаку јас сум од Велес, така да решавајте си по градови!
Ако прифаќате да е така, може модераторот да ја стави таквата листа во првиот пост (ако ништо друго барем локациите на тргање од различни градови), а ченовите нека си ја дополнуваат листата по ред...
Значи уште еднаш, ова е само предлог.