Автор Тема: Renault Megane 1.5 dCI  (Прочитано 10379 пати)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Renault Megane 1.5 dCI
« на: 30 Мај 2014, 21:10:45 pm »
Еве конечно да најдам малку време натенане за да споделам едно интересно искуство.

Веќе подолго време со Bushav Megane се договаравме да го пробам неговиот Меган и конечно пред недела дена го сторивме тоа.

Прво да кажам дека Рено како бренд го имаме во фамилија подолго време. Односно Татко ми има Две Дачии по ред (имаше Соленца, сега има Логан), Чичко ми има Дачиа Дастер со многу опрема , а брат ми возеше три Кангуа по ред, Меган Сеник со 1.5 дЦИ (и во едно од Кангуата имаше 1.5 дЦИ), Рено Лагуна (исто со 1.5 дЦИ), а сега вози Нисан Кашкаи 2.0 дЦИ 4WD.

Исто ќе ви споделам дека пред некоја година за малку ќе купев и јас Рено Меган, ама базирано на разно разни тестови и лошите искуства на брат ми (со сите Реноа освен со Лагуната имаше проблем), се решив да отидам на Јапонци. Така да лично јас, имав многу резервирано мислење за Рено како квалитет и како бренд.

Исто ќе ви признаам дека новиов Меган ми е Рено со најубав изглед до сега, најскладен, нај како треба (споредено со Рено -ата до сега). Имам седнато во Салон еднаш-два пати, ама никогаш го немам возено (стариот Меган го имам возено и тоа и во хечбек варијанта и во седан варијанта).

И да не ми пишеше Бушав да го пробам неговиот, базирано на лошите искуства од претходно веројатно немаше да го пробам и ќе мислев дека е само убав на изглед и толку.


Екстериер: На Бушав Меганот е сина боја, и мислам дека стварно добро му стои како боја, и многу складно изгледа.Бидејќи е ова возило со повисок пакет на опрема, сигурно и тоа има удел во изгледот.

Внатрешност: Изненаден сум пријатно колку е напредната внатрешноста од старите Реноа во кои сум се возел. Прилично Ок пластика, и ме изненади што апсолутно немаше никакво крцкање при возењето. Мене исто ме интересира искористлив багажен простор, и овде за оваа класа ми личи задоволително.

Седишта: Многу добра подпора на грбот. Тврди ама и тамам за да бидат удобни.Дури и многу удобни во тој дел од кичмата.  Како имам проблематична кичма прилично брзо приметувам неудобно или удобно седиште.

Кај седиштата е и една од мааните на возилот. Седиштата ми делуваат многу тесни, и оној профил што треба да те држи мене ми доаѓаше на бутовите и после некое време ми створи помалку неудобност во тој дел од нозете. Ништо страшно, ама да го спомнам.

Мотор: Моите претходни искуства со 1.5 dCI  е дека е доста нелинеарен мотор, односно има влечење до одреден број на вртежи, и после нагло паѓа снагата што прилично не ми се допаѓа. Овде, во овој Меган имав 130 кс благодарение на чипување. Доста добра влече, и многу линеарно и го нема тоа нагло паѓање на снага. На обиколница го возев 170 км/ч и ова е сосема удобна брзина за возење, и нема напрегање на моторот или некоја непријатност. Како маана доживеав дупка во влечењето на помали вртежи (околу 1700 рпм), односн не влече па од кај 1900 рпм повлекува и од таму нагоре е скроз линеарно. Потрошувачка спрема борд компјутер беше 6.7Л/100 како просек, а јас го ресетирав за возење низ град  и од кругот што го направивме добив 5.7 Л/100. Го ресетирав бордот на влез од Скопје и извозев круг до Чаир (преку партизанска, Ману па на семафорите лево), па преку циганското маало Кале па до Дебар Маало. Се сложивме со Бушав дека ова беше на загреан мотор скроз, дека немаше воопшто гужва, не чекавме многу на семафори и дека веројатно реална потрошувачка ќе биде баш тие 6.7Л/100 што беа на бордот од претходно. За поточно треба да се направи мерење при полнење на резеорвар (бидејќи не знаеме дали лаже бордот и колку), ама тоа ќе му оставам на Бушав (освен ако не ми го даде Меганот на едно месец дена па да му проверам како треба :) ). Мене ова ми е одлична потрошувачка (да речеме дека Цитроенот Ц3 1.4 ХДИ во моментов има 6.0 Л/100 на борд).

Овој Меган е спуштен, и тоа има и предности и маани. Предност е веројатно држењето и стабилноста (прилично стабилно возење има и тоа и на повисоки брзини а велам веројатно бидејќи за да знам требало да го имам пробано и неспуштен), и тоа стварно прави ќеиф. Од друга страна маана е што дупките може да бидат проблем (на обиколница има една дупка, што ако ја погодев веројатно ќе беше мал проблем). На враќање погодив една помала, и не најпријатно нешто односно за вакви услови фали нормалниот од на амортизери.Вака како што е , амортизерите имаат добар дампинг (Damping), ама мене ми фалеше Од (Travel).

За наши услови и секојдневно возење, јас сепак не би го спуштал, па макар и се влошила стабилноста (искрено, немам впечаток дека ќе се влоши драстично). Инаку ме изненади кога ми кажа Бушав дека Меган -ов нема Мултилинк, бидејќи не го осетив скокањето и неудобноста што ја осетив кај Шкода Октавија 1.2 тси (можда и сепак спуштањето допринесе до тоа).

Спомнав дека овој Меган има повисоко ниво на опрема, и тоа прави убаво чувство при возењето. Детали како GPS , двозонска клима, кожен волан, фино изработени седишта (освен што ми беа тесни ) и слично допринесуваат на уживањето при возењето, и ако јас се прашувам Меган треба да се продава во ова ниво на Опрема и не пониско (драстично поубаво чувство од основната верзија во која имам влезено).

При купување на кола во оваа класа треба да се даде шанса и на овој модел, односно не треба да се скокне бидејќи има драстична разлика со старите Реноа што сум ги возел. Се на се, Меганов на Бушав прави ќеиф..

Спомнав дека АПСОЛУТНО НИШТО НЕ КРЦКА ? Само за илустрација дека кај Honda CR-V то мое, има повремено некакво крцкање од сам почеток

Бушав, немој ни да помислиш да го продаваш барем уште неколку години :)


п.с. FilipV можда треба да го чипуваш твојот 1.5 дЦИ
« Последно менување: 30 Мај 2014, 21:25:07 pm krell »

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Renault Megane 1.5 dCI
« Одговори #1 на: 30 Мај 2014, 21:37:06 pm »
Ме интересира дали при тргнување  без воопшто гас, малце подзатресува ?

На клиото (истиот мотор само 85 коња) на старт без газ треси.. Не којзнае колку али ме нервира..
Додека со старт со туража и понатамошното шалтање на брзини, нема апсолутно никаков проблем...

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14231
  • Пудингот на шоферството
Одг: Renault Megane 1.5 dCI
« Одговори #2 на: 30 Мај 2014, 21:39:41 pm »
Дали вреди вложено/добиено?
Фала Дени дека има подобри материјали и сл. во однос на другите шо си ги пробал,пошо тие биле постари(1-2 генерации),класа подолу,(кангу на пример,класа радничка)...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Renault Megane 1.5 dCI
« Одговори #3 на: 30 Мај 2014, 21:49:14 pm »
И да не заборавиме дека Меганот на Бушав е уствари оној Меган што инженерите на Рено го замислиле, не оној што „бројачите“ го продаваат за 12.000 евра. Поштена количина на кожа, солидна опрема, итн.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Renault Megane 1.5 dCI
« Одговори #4 на: 30 Мај 2014, 21:50:59 pm »
Дали вреди вложено/добиено?
Фала Дени дека има подобри материјали и сл. во однос на другите шо си ги пробал,пошо тие биле постари(1-2 генерации),класа подолу,(кангу на пример,класа радничка)...


Не станува збор дека има подобри материјали ради нова генерација, туку имам осет како Рено сериозно да напреднале во поглед на квалитет. На пример HONDA HR-V е  многу постара од HONDA CR-V. Внатрешноста на HRV личи далеку постаромодно од CR-V, ама во исто време личи да е малку поквалитетна пластиката иако е постара. Кај Реноава кај новиот Меган, не само што личи посовремено туку и многу поквалитетно

Ме интересира дали при тргнување  без воопшто гас, малце подзатресува ?

На клиото (истиот мотор само 85 коња) на старт без газ треси.. Не којзнае колку али ме нервира..
Додека со старт со туража и понатамошното шалтање на брзини, нема апсолутно никаков проблем...

Има мало тресење ако добро се сеќавам. Ама тоа е веројатно резултат на турбо дупката на мали вртежи. Истото го имам и на Цитроенот.


Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Renault Megane 1.5 dCI
« Одговори #5 на: 30 Мај 2014, 21:56:56 pm »
И да не заборавиме дека Меганот на Бушав е уствари оној Меган што инженерите на Рено го замислиле, не оној што „бројачите“ го продаваат за 12.000 евра. Поштена количина на кожа, солидна опрема, итн.

Меганот на Бушав како таков треба да искача од фабрика, спуштен, проширен и слично. ;D
Секој друг меган е пет класи подоле (освен RS).

Присутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг:
« Одговори #6 на: 30 Мај 2014, 22:35:35 pm »
Ти благодарам многу за исцрпниот текст.Подобро од ова мислам дека ни јас не би го опишал своето возило.Доколку јас го напишев ова ќе делуваше многу субјективно и пристрасно.
Искрено ме радува фактот што и некој друг го има истото мислење за моето возило,бидејќи во неколку наврати кога сум пробал на некој да му кажам истово ме гледал бледо и со неверување.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Renault Megane 1.5 dCI
« Одговори #7 на: 30 Мај 2014, 23:50:44 pm »
Мојата рецензија би била

Меганот на Бушав е ТОП !!! :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14231
  • Пудингот на шоферството
Одг: Renault Megane 1.5 dCI
« Одговори #8 на: 30 Мај 2014, 23:56:29 pm »
И да не заборавиме дека Меганот на Бушав е уствари оној Меган што инженерите на Рено го замислиле, не оној што „бројачите“ го продаваат за 12.000 евра. Поштена количина на кожа, солидна опрема, итн.
Тука си во право,но кажи дали истата работа се дешава и кај другите компании.Јас сум сигурен дека е иста ситуација.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Renault Megane 1.5 dCI
« Одговори #9 на: 30 Мај 2014, 23:57:48 pm »
И да не заборавиме дека Меганот на Бушав е уствари оној Меган што инженерите на Рено го замислиле, не оној што „бројачите“ го продаваат за 12.000 евра. Поштена количина на кожа, солидна опрема, итн.

Меганот на Бушав како таков треба да искача од фабрика, спуштен, проширен и слично. ;D
Секој друг меган е пет класи подоле (освен RS).
Tokmu taka.

Присутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Renault Megane 1.5 dCI
« Одговори #10 на: 31 Мај 2014, 00:07:18 am »
AllMightyMe Доста храбро од твоја страна што на непробано возило му даваш ТОП оцена  ;)

MecheTo и јас сум сигурен дека е исто кај сите,колку пари толку музика  :)

Igor,Deni,Zero потполно се сложувам,едноставно се морални ваквите модификации  ;) Да не живеев тука си има место уште 2см да се спушти за да биде како што треба  :D

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3463
Одг: Renault Megane 1.5 dCI
« Одговори #11 на: 31 Мај 2014, 01:16:04 am »
Еј мајката? Абе ова не било срање!

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17441
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Renault Megane 1.5 dCI
« Одговори #12 на: 31 Мај 2014, 10:33:17 am »
Крелл, изгледа имаш голем газ. :)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Renault Megane 1.5 dCI
« Одговори #13 на: 31 Мај 2014, 10:53:48 am »
Крелл, изгледа имаш голем газ. :)



Или седиштата се тесни :) Тесно ми беше на бутовите бидејќи седиш на страничните профили на седиштето што треба да те држав во кривина. Истото го спомна и Bushav дека го има како мал проблем. Самото седиште е супер профилирано, поготово на делот за 'рбетот, меѓутоа се тесни :(





Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Renault Megane 1.5 dCI
« Одговори #14 на: 31 Мај 2014, 17:50:00 pm »
AllMightyMe Доста храбро од твоја страна што на непробано возило му даваш ТОП оцена  ;)

Некогаш неморам нешто да видам и да пробам ако ги знам особеностите на сопственикот. Тебе иако не те знам, читам и гледам како се грижиш за твоите работи а тоа за мене е доволно. Ти си пандан на Симо во францускиот свет ;)