Се олабавува стегата на цревото после МАФ сензорот и стегата над клапната, се вадат од „штипките“ двете цревца што се припоени уз главното црево (дебелото над клапната) да не сметаат и се дига цревото за довод на воздух нагоре. Се прска со спреј како на сликата или карбуратор клинер директно над лептирот и околу него. Со прст се притиска лептирот за да се отвори и може да се испрска од внатре. Спрејот е лесно испарлив па не е потребно пребришување. Се чека неколку минути да испари, се враќа се по обратен редослед назад и се пали колата без гас. Можно е да биде зголемена и нерамномерна гаста некое време, но брзо ќе се смири.
Доколку клапната е доста прљава, може да се упали колата (еден да има внатре у возило) и на 3000 обртаи да се шприцнува во интервали директно во клапната. У овој случај на таблата ќе се појави грешка од МАФ сензорот.
Ова беше полесната и побрза постапка, а за детално чистење мора да се извади цел throttle body (пази на гумицата), откачат приклучоците за антифриз и отштрафат четирите штрафа, па на раат на маса да се светне. Да се исшприца и внатре во усисната грана, како и во цревата за довод на воздух и иберлауфот.
Ова се прави пошто Астрата нема уљен сепаратор, па уљните пареи одат у клапната и ја запрљуваат, па не може да се направи соодветна смеша со гориво, лер гасот варира, моторот работи нерамномерно...
Се добива подобар одзив на гас, помирна работа на моторот и задоволено его