Здраво на сите!
Нов сум на форумов и посебно ме интересира овој топик на djidji зашто и јас имам астра.
Мојава е ГТЦ од 2005-та со 85 000км. До сега мислам дека сум ги имал сите сериски кварови што ги има овој модел како што се водната пумпа (рикна на 45 000км), свирката, лабава брегаста и др... Можам да кажам дека ниту еден од овие "кварови" не ми смета толку колку што ми смета потрошувачката на масло.
Обавезно при секој редовен сервис на 10 000км купувам 5 литарска канта ГМ 5-30, од кои во моторот сипам 3,5 л. а останатото 1,5л. го користам за дотурање, а некогаш дури и ми фали да докупам за до следен сервис.
Имам пробано и со Аral, но чабе е истото се случува.
djidji гледам дека користиш LM масло. Кажи ми дали го троши и тоа и дали некој од адитивите што ги користиш помага на ваква ситуација?
Исто така во други топици читав кај што си пишал и за
http://www.liqui-moly.de/liquimoly/produktdb.nsf/id/en_3721.html адитив кој ја намалува бучавоста на моторот.
Ме интересира дали овој адитив во астрата ќе ја намали бучавоста на моторот при големи брзини (долг пат).
Поздрав!
П.С. Секоја чест за Астрата! Ги имаш направено сите модификации, дури и повеќе од тоа, што се надевам дека и јас ќе ги направам во догледно време.