Автор Тема: Совет за мало градско возило  (Прочитано 5102 пати)

Отсутен biber

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Совет за мало градско возило
« на: 22 Мај 2014, 20:36:03 pm »
Здраво дечки, сакам за жената да купам возило(да напоменам тазе шофер сефте ќе прави со своја кола  ;D)
Не ми се фрла пари на нова кола, нека искрши една прво па после ќе видиме за нова кола +5 години искуство :P
Од листава на возилца на тапет ми се следниве модели, па ќе ве молам ако има некој искуство со било кој модел и би можел да даде совет нека помага

1. Renault Clio 2001> 1.5DCI
2. Peugeot 206 2001> 1.4HDI
3. Mercedes A170 2000> 1.7CDI
4. Opel Corsa C 2000> diesel (не им ги знам моторите)
5. WV Polo 2000> diesel
6. Toyota Yaris 1.0 50Kw

7. Дадете продолг вие

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Совет за мало градско возило
« Одговори #1 на: 22 Мај 2014, 20:49:44 pm »
Merc А Класа заобиколи го во широк лак. Од наведените, Поло, Корса и Јарис се мои предлози.

Отсутен biber

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Одг: Совет за мало градско возило
« Одговори #2 на: 22 Мај 2014, 20:51:57 pm »
@MartinAlfista имаат некоја мана  А Класата ?

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Совет за мало градско возило
« Одговори #3 на: 22 Мај 2014, 20:53:24 pm »
јас сум за јарис,имаме еден добар јарис што се продава на форумов,дизел стар 15 години никогаш не би купил освен ако не му ја знам историјата целосно

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Совет за мало градско возило
« Одговори #4 на: 22 Мај 2014, 20:54:22 pm »
7. Lancia Ypsilon, 1.3 multijet diesel  ;)
















Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Совет за мало градско возило
« Одговори #5 на: 22 Мај 2014, 20:55:29 pm »
@MartinAlfista имаат некоја мана  А Класата ?

Ќе се цитирам од друга тема:

Затоа што не дели платформа со ниедно друго возило, деловите што се ставани на него се специфични и не се произведуваат за други коли, и истите тие делови не се толку издржливи како оние масовно произведуваните. Ваква кола со ист мотор имаше во моја фамилија еднаш, и откако се продаде насекаде ќе ширам негативни муабети за моделот затоа што се одраа луѓето од поправање.
На кратко, колата повеќе ќе се поправа, одошто вози.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Совет за мало градско возило
« Одговори #6 на: 22 Мај 2014, 20:57:26 pm »
Побарај Поло 1.9тди или сди.

Ако одиш на бензинец, гледај строго на плин да може да се стави лесно.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Совет за мало градско возило
« Одговори #7 на: 22 Мај 2014, 21:03:04 pm »
1. Renault Clio 2001> 1.5DCI
Јас имам клио 1.5дци, одлично е, многу мала потрошувачка, доволно брзо си е..

2. Peugeot 206 2001> 1.4HDI
Добри се и пежовциве, клиото ми е подобро на изглед а и појако е (82/67кс)..

3. Mercedes A170 2000> 1.7CDI
Според читањава не ги бива мерцедесиве (не се квалитетни)..

4. Opel Corsa C 2000> diesel (не им ги знам моторите)
Опеловите дизели не ги бива, освен 1.7 исузу..

5. WV Polo 2000> diesel
Комшија има Дизел, 1.4тди, 3 клипа..  и некако бучен е моторот.. Не е нешто нај нај

6. Toyota Yaris 1.0 50Kw
..


Ја би клио..

Ова ми се чини дека е одлично..
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1242448

Отсутен biber

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Одг: Совет за мало градско возило
« Одговори #8 на: 22 Мај 2014, 21:06:58 pm »
1.5ДЦИ 74кв возам јас и до сега да чукнам во дрво не сум имал проблеми со моторот освен пред неколку месеци што го чистев ЕГР вентилот.

Отсутен biber

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Одг: Совет за мало градско возило
« Одговори #9 на: 22 Мај 2014, 21:17:01 pm »
@Smichka да не имаш линк до јарисот ?

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Совет за мало градско возило
« Одговори #10 на: 22 Мај 2014, 21:19:50 pm »
Ваљда на ова мисли..

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,217.0.html

Отсутен Lo17

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 229
Одг: Совет за мало градско возило
« Одговори #11 на: 22 Мај 2014, 21:33:26 pm »
VW Polo 1.4 TDI, mala potrosuvacka i mn izdrzliva.

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 250
Одг: Совет за мало градско возило
« Одговори #12 на: 22 Мај 2014, 22:46:26 pm »
Јас сум за Smart. Скапи се за одржување ама мали и компактни за жена  плус штом е тазе возач автоматик е правилен избор.

Отсутен toni.de

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 591
Одг: Совет за мало градско возило
« Одговори #13 на: 23 Мај 2014, 09:37:20 am »
@MartinAlfista имаат некоја мана  А Класата ?
Ako zemas A klassa gledaj samo Benzinci dizeli plus i avtomatik ako e po skart amin

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Совет за мало градско возило
« Одговори #14 на: 23 Мај 2014, 10:34:55 am »
Зашто не побараш некое фиатче?
Јас имам чинквеченто супер е за сега
Ефтино за одржување, малце троши т.е не поминува 8,5Л плин градска
е сега ако неќеш чинквеченто имаш опција за поновото т.е сеиченто
900 кубика евтино за регистрација, ефтино за одржување, делови имаш на секој чекор