Нов сум на форумов па едно големо здаво на сите!
Би ви бил благодарен ако ми дадете почетнички совет за купување половен автомобил.
Не се разбирам од автомобили но би сакал некое фино градко количе, од муабети имам разбрано дека германска кола, дизел како што е Opel или Volkswagen би бил најдобар избор порадио тоа што другите брендови се по кварливи како и поскапи делови.
Ми изгледа добра Opel Astra 1.7 CDTI од 2004година ама некако по сајтовиве за продажба ми делуваат со многу помината километража 140000+. Што мислите дали е тоа нормална километража и кој се вашите мислења и искуства за тој автомобил како и кој друг автомобил би ми го препорачале за таа цена?
Однапред Благодарам
Иван