Другари ми треба совет. Вчера на моите дома им дошле 4 батки од алфите. Наводно некој пријавил дека некој со нашата кола направил сообраќајка и избегал. Наводно тоа се случило 15-ти мај околу 21 часот во Ново Лисиче. Имаме две коли дома, една Панда и Фиестата моја. Сега се работи за Пандата. Таа ја вози татко ми само по потреба и тоа не подалеку од Лептокарија. Човекот не излегол од дома навечер со кола, он да вози, со месеци. Пандата не е оштетена и е доле на паркинг. Баткиве дошле почнале со стандардните муабети, татко ми им рекол ене ја колата доле сликајте ја и му побарале да даде изјава при што дал. Дошла увиџајна ја сликале колата и не давале повеќе информации. Инаку сопственик на колата е мајка ми, а она нема возачка и не знае да вози.
Денес отишле моите во увиџајна пак со намера да добијат повеќе информации, кој пријавил, каква кола и слично при тоа што таму дегените биле ултра агресивни и наводно потресени од случката и ниту една информација не сакале да дадат. Рекле само ќе ве повикаат на суд. Уште еднаш моите дале изјави и морале да заминат.
Некој совет како да постапиме зашто за бегање од сообраќајка се одговара кривично?
Татко ми нема стапнато во Н. Лисиче со години, подалеку од Железничка не бил гарантирам и тоа со точак, а уште помалку па навечер во 9 саат, Најдалеку што отишол тоа време е до кладилница на 10 чекора од дома. Јас таа кола не ја возам, друг нема клуч. Оштетувања нема никакви. Фала многу.
@Banzai ?