Neka si prasa za negativni, koga za alkohol ima ... ne e ova nisto poloso
Koga ke mu dojde od sudot
За овој прекршок како што реков нема негативни поени. Да имало ќе му било понудено опција да плати или поени. Еве што вели законот:
ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/15 и 226/15)
пречистен текст
Член 54(1) Возачот не смее со возило да започне престигнување или обиколување:
- колона на возила,- ако возачот кој се движи зад него започнал престигнување,
- ако возачот кој е пред него на истата сообраќајна лента дал знак дека има намера да го престигне или обиколи возилото што е пред неговото возило или да обиколи друга пречка на патот,
- ако сообраќајната лента по која е, со намера да го изврши престигнувањето, не е слободна на доволно растојание, така што, водејќи сметка за разликата меѓу брзината на движењето на своето возило за време на престигнувањето и брзината на движење на возилата на другите учесници во сообраќајот што е со намера да ги престигне, со престигнувањето ќе ја загрози безбедноста на сообраќајот или ќе го попречи сообраќајот од спротивната насока,
- ако по извршеното престигнување или обиколување повторно не би можел да заземе положба на сообраќајната лента по која се движел пред престигнувањето или обиколувањето и тоа без попречување или загрозување на другите учесници во сообраќајот, освен кога за престигнување или обиколување ја користи сообраќајната лента што езабранета за сообраќај на возилата од спротивната насока и
- по сообраќајната лента што е наменета за принудно запирање на возилата.
(2) Возачот кој престигнува е должен своето возило да го држи на потребната оддалеченост од возилото што го престигнува, така да не го попречува ниту загрозува сообраќајот.
(3)
Прекршочен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) алинеите 1, 2, 4, 5 и 6
на овој член. Покрај утврдениот износ на глоба, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од три до 12 месеци, под услови и постапка утврдени со закон.(4) Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставовите (1) алинеја 3 и (2) на овој член.
Кога се изрекува оваа прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило?
Тоа зависи од Комисијата за прекршоци при МВР.