Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Милина, 150 на автопат за 10 евра. Fair enough.
че си земиме каиши резерва и в кревет ко че легниме да се врзиме од кај знајш можи и тка да ни пиша казна од некој бон еура
За седум дена скопската полиција казнила 1.054 учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци казниви според Законот за безбедност на сообраќајот. Притоа, 31 возач бил под дејство на алкохол, 82 управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, 30 возачи поминале на црвено светло, а 21 возач управувале возило со над 90 километри на час во населено место.
Покрај ова, изречени се 82 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 45 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 26 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 367 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање. За недавање на првенство на минување изречен е еден прекршок, за недавање првенство на минување на пешаци изречени се 12 прекршоци, за непрописно престројување изречени се 11 прекршоци, за прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 74 прекршоци, за непрописно престигнување изречени се четири прекршоци, а кај пет возила е утврдена техничка неисправност. Со пајак возило подигнати се вкупно 329 возила.