Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2107603 пати)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7514
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5145 на: 17 Октомври 2014, 10:59:55 am »
Другарче требаше да појде до зелен пазар и паркирав тука (ако ви текнува каде е). И вика ајде ќе идеме двајцата, јас викам не ми се остава тука кола, не ми е сигурно... ај бе ја секогаш тука ја оставам ;D Јеби се брат, оди сам. Позади мене се паркираше пасат, човекот со старата отиде до пазарче. 3 минути им требаше на пајаците од поц да дојдат на лице место. Дојдоа 2 камиончиња, бевме две коли паркирани. Ама виде полицаецот во кола сум, и јас очекував да ми рече тргни се од тука, не смееш да паркираш.. само ми рече добар ден господине, (кој црн господин сум јасссс) ;D  помести се малку додека го дигнеме пасатот, за секој случај. За минутка го дигнаа пасатот и си заминаа. Јас го чекав другарот уште 15мин.   



Е, нели мене требаше да ме избркаат ? или не... ??? :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5146 на: 17 Октомври 2014, 11:01:33 am »
Ти си застанал.

Тој се паркирал.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5841
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5147 на: 17 Октомври 2014, 11:04:47 am »
Абе нема врска тоа и да застанеш те бркаат, ама ете. Мене позади државна во тоа уличето бев застанат и поминуваа две камиончиња и уште од таму ми блендира и ми мафта преку стакло да се тргнам. Само јас бев на уличката. За малку ќе ја оставев  тука колата и ќе заминев, ама не ми беше сигурно и си останав да чекам у кола среќа ;D

Ова уличе



Така да не оставајте кола таму.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7514
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5148 на: 17 Октомври 2014, 11:13:32 am »
Ти си застанал.

Тој се паркирал.

И згора на се, јас останав таму 20тина минути. Човекот се врати за 10минути...

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5149 на: 18 Октомври 2014, 00:48:40 am »
Другарче требаше да појде до зелен пазар и паркирав тука (ако ви текнува каде е). И вика ајде ќе идеме двајцата, јас викам не ми се остава тука кола, не ми е сигурно... ај бе ја секогаш тука ја оставам ;D Јеби се брат, оди сам. Позади мене се паркираше пасат, човекот со старата отиде до пазарче. 3 минути им требаше на пајаците од поц да дојдат на лице место. Дојдоа 2 камиончиња, бевме две коли паркирани. Ама виде полицаецот во кола сум, и јас очекував да ми рече тргни се од тука, не смееш да паркираш.. само ми рече добар ден господине, (кој црн господин сум јасссс) ;D  помести се малку додека го дигнеме пасатот, за секој случај. За минутка го дигнаа пасатот и си заминаа. Јас го чекав другарот уште 15мин.   

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Е, нели мене требаше да ме избркаат ? или не... ??? :D

колку што знам, имаше разлика и толкување во законот за разликите помеѓу паркирање и привремено застанување... привремено застанување беше опишано како (одприлика така се секавам) возилото е застанато, но возачот е внатре... сосема различно од оние што ке паркираат со пуштени 4 жмигавци...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 899
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5150 на: 18 Октомври 2014, 00:51:19 am »
За застанување се смета возило кое стои пократко од 3 минути, ако добро помнам кога го читав законот. Другите ствари со жмигавци ова-она немаат врска со ова. :)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5151 на: 18 Октомври 2014, 00:56:58 am »
57. ,,Запирање на возило” е секој прекин на движењето на возилото на
патот во траење до три минути, освен прекинот што се врши заради
постапување според сообраќаен знак или правило со кое се регулира
сообраќајот;
58. ,,Паркирање на возило” е прекин на движењето на возилото во
траење подолго од три минути, освен прекинот што се врши заради
постапување според сообраќаен знак или правило со кое се регулира
сообраќајот;

Интересно ми се виде следново:
                                       Член 69
(1) Кога возачот го остава возилото без непосреден надзор, должен е да
ги преземе сите потребни мерки со кои ќе се спречи неовластено користење на
возилото или самотргнување на возилото од местото на кое е оставено, а
особено:
- да ги сврти предните тркала кон тротоарот, односно патот и да ја стави
рачката на менувачот за возење наназад – ако возилото се остава на
надолнина, односно да ги сврти предните тркала кон средината на патот, да ја
стави рачката на менувачот во прв степен на пренос и да ја притегне
паркирната кочница – ако возилото е оставено на нагорнина и

- да стави клинести подлошки под соодветните тркала на возилото, ако
на пат со надолжен наклон е оставено возило кое е опремено со такви
подлошки.
(2) Глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 20 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбата од ставот (1) на овој член.

Што е поентата дали да го ставам возилото во рикверц или во прва брзина, во зависност од положбата на паркирањето на надолнината/угорнината ?
Моторот во изгасена состојба може да се врти и во обратна насока, не само во насоката кога работи. И второ, дали ке го ставиш во прва или во рикверц, ако моторот си е со одлична компресија, нема да се придвижи без разлика дали тие во прва или во рикверц ставен менувачот.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5152 на: 18 Октомври 2014, 00:57:55 am »
За застанување се смета возило кое стои пократко од 3 минути, ако добро помнам кога го читав законот. Другите ствари со жмигавци ова-она немаат врска со ова. :)

знам дека негде се спомињаше 3 минути, ама негде се спомињаше и 15 минути... во различни конотации беа и двете, ама и двете се однесуваа на застанување а не паркирање на возило..
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5153 на: 18 Октомври 2014, 01:00:19 am »
Онак, во законот сега го отворив, стиснав Ф3, пишав клучен збор минути, ми го отвори она погоре што го постирав, и уште едно зборче кое се однесува на ова:

(1) Возачот – инстуктор во авто-школата, не смее непрекинато повеќе од
два часа да врши оспособување за практично управување со возило, а вкупно
со прекините за одмор најдолго девет часа во текот на 24 часа.
(2) Како непрекинато оспособување од ставот (1) на овој член, се смета
времето во кое возачот-инструктор немал прекин од најмалку 45 минути.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5154 на: 18 Октомври 2014, 01:08:50 am »
ок.. веројатно си во право, иако законот е бајаги поголем одколку 15 реченици во едне пост.. сакам да кажам, можно е да има нешто друго со тие 15 минути, ама немам појма што.. порано кога имав повеке слободно време читав разно разни такви глупости... може било 15 минути, па е сменето во 3.. од кај да знам... постојано се мењаваат закони...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5155 на: 18 Октомври 2014, 01:18:06 am »
Еве ги сите членови што го регулираат запирањето и паркирањето и нигде не се наведува времетраење и слично. Тоа само е наведено во погорниот пост што го пишав, а тоа е точка 57 и 58 од став 2.

                          12. Запирање и паркирање
 
                                      Член 63
(1) Возачот не смее да го запре или паркира возилото на место на кое тоа
би ја загрозувало безбедноста на другите учесници во сообраќајот или би
претставувало пречка за нормално одвивање на сообраќајот или за движењето
на пешаците и велосипедистите.
(2) На јавен пат, на места односно на простор наменет за запирање и
паркирање на возила, како и на посебно уредена сообраќајна површина
наменета за движење на пешаци и велосипедисти, забрането е да се остават
возила кои заради оштетеност односно дотраеност, не се употребуваат во
сообраќајот (хаварисани, запуштени возила и слично), како и други предмети
со кои се попречува одвивањето на сообраќајот и се загрозува животната
средина.
(3) Возилата и предметите од ставот (2) на овој член, сопствениците по
барање на униформиран полициски службеник се должни да ги отстранат
веднаш.
(4) Доколку сопствениците истите не ги отстранат, како и во случај кога
тие се отсутни, возилата и предметите ќе бидат отстранети на трошок на
нивните сопственици.
(5) Отстранувањето на возилата и предметите од ставовите (1) и (2) на овој
член, го врши правното лице надлежно за одржување на патот, на посебно
уредени простори за таа намена.
(6) Глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.
  
                                           Член 64
(1) На јавен пат надвор од населено место, возачот е должен секогаш кога
за тоа постои можност возилото да го запре или паркира надвор од коловозот.
(2) Возачот кој заради неисправност на возилото, сообраќајна незгода
или друга оправдана причина е принуден возилото да го запре на коловозот,
должен е да ги преземе сите мерки за да не ги доведе во опасност другите
учесници во сообраќајот, а што побрзо возилото да го отстрани од коловозот.
(3) Ако возачот заради неисправност на возилото, сообраќајна незгода
или од друга оправдана причина е принуден да го запре возилото на шини,
должен е да го отстрани од шините веднаш, а ако е тоа невозможно – веднаш
да ги преземе потребните мерки, со цел лицата кои управуваат со возилата што
се движат по шини навреме да бидат предупредени за опасноста.
(4) Глоба во износ од 25 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбите од ставовите од (1) до (3) на овој член.
 
                                         Член 65
(1) Возачот кој запира или паркира возило на пат, е должен да го запре
односно паркира непосредно покрај десниот раб на коловозот, а на пат на кој
сообраќајот се одвива само во една насока – може да го запре односно паркира
возилото покрај десниот или левиот раб на коловозот.
(2) Ако покрај десниот раб на коловозот се наоѓаат трамвајски или други
шини, возачот е должен да го запре или паркира возилото покрај левиот раб на
коловозот.
(3) Возачот може да запре или да паркира возило на места што се
наоѓаат на средината на коловозот, само ако тие места се обележани со
соодветен сообраќаен знак или со ознака на коловозот.
(4) Глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 20 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбите од ставовите од (1) до (3) на овој член.
 
                                      Член 66
(1) Возачот односно сопственикот на возилото не смее да запре или
паркира возило особено:
- на обележан пешачки премин и на одделеченост помала од пет метри
од тој премин, како и на премин на велосипедска патека преку коловозот;
- на премин на патот преку железничка или трамвајска пруга во исто
ниво;
- на железнички или трамвајски пруги во близината на тие пруги, ако со  
тоа се спречува сообраќајот на возилата што се движат по шини;
- на крстосница и на оддалеченост помала од пет метри од најблискиот
раб на напречниот коловоз;
- во тунели, на мостови, во подвозници и на надвозници, како и на
делови на патот под мостови и надвозници;
- на дел од јавен пат во близина на врв од преслап и во кривина, каде што
прегледноста на патот е недоволна и каде што обиколување на возилото не би
можело да се изврши без опасност;
- на дел од јавен пат, каде ширината на слободниот премин од запреното
или паркираното возило до полната надолжна линија на коловозот или до
спротивниот раб на коловозот или до некоја пречка на патот би била помала од
три метри;
- на место на кое возилото би го засолнувало поставениот сообраќаен
знак или уредот за давање светлосни сообраќајни знаци;
- на велосипедска патека, односно лента;
- на тротоар, односно пешачка патека, ако тоа не е изречно регулирано
со сообраќаен знак. Ако е дозволено паркирање односно запирање,
задолжително треба да се остави најмалку 1,6 метри ширина на површината за
движење на пешаци, со тоа што таа површина не може да биде покрај работ на
коловозот;
- на дел од коловозот, кој како стојалиште за возила на јавниот сообраќај
е обележан со ознаки на коловозот;
- на дел од јавен пат пред премин на пат преку железничка или
трамвајска пруга во исто ниво и тоа на оддалеченост помала од 15 метри од тие
премини;
- на оддалеченост помала од 15 метри пред и зад знакот со кој е
обележано стојалиште за возилата за јавен сообраќај;
- пред влез во објект, двор или гаража;
- на хортикултурно уредени зелени површини, градски зеленила и
паркови;
- над приклучок на водоводната мрежа или влез во канализација или
друга мрежа на комуналните претпријатија;
- на места предвидени за движење и паркирање на лица со посебни
потреби и
- на место каде паркираното возило би го оневозможило пристапот на
друго возило, заради паркирање или излегување на веќе паркирано возило.
(2) Глоба во износ од 25 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот односно сопственикот на
возилото кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) алинеја 16 на овој
член.  
(3) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност, ќе му се
изрече на возачот односно сопственикот на возилото кој постапува спротивно
на одредбата од ставот (1) алинеи од 1 до 6 и алинеја 17 на овој член.
(4) Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност, ќе му се
изрече на возачот односно сопственикот на возилото кој постапува спротивно
на одредбите од ставот (1) алинеи 7, 8, 11 и 12 на овој член.
(5) Глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот односно сопственикот на
возилото кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) алинеи 9, 10, 13, 14,
15 и 18 на овој член.
 
                                           Член 67
(1) Возачот е должен моторно возило, лесен трицикл, трицикл, лесен
четирицикл, четирицикл, трактор, приклучно возило и запрежно возило што е
запрено на коловоз, да го обележи со посебен знак со кој се означува запрено
возило на коловозот во случај:
- кога бил принуден своето возило да го запре на местото или на делот
од патот согласно членот 64 на овој закон;
- кога возилото е запрено на коловоз на такво место што возачите на
возилата кои наидуваат оd истата насока, не можат или тешко можат
навремено да го забележат и
- нoќе и во случај на намалена видливост на автопат и на пат резервиран
за сообраќај на моторни возила, како и на дел од патот што не е доволно
прегледен.
 (2) Знакот од ставот (1) на овој член, се поставува на коловозот зад
запреното возило, во вертикална положба и на доволна оддалеченост, која на
пат надвор од населено место не може да биде помала од 50 метри. Знакот од
ставот (1) на овој член на ист начин се поставува и кога на патот е запрена
колона од моторни возила, при што во тој случај на коловозот наместо еден се
поставуваат два знака и тоа еден покрај друг.
(3) Ако во моторното возило е вграден уред за истовремено вклучување
на сите покажувачи на правецот, во случајот од ставот (1) на овој член, тој уред
треба да биде вклучен.
(4) Глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбата од ставовите од (1) до (3) на овој член.
 
                                              Член 68
(1) На запрено или паркирано возило не смеат да се отворат вратите, ако  
со тоа се попречува движењето на другите учесници во сообраќајот или се
загрозува безбедноста на сообраќајот.
(2) Глоба во износ од 15 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка, согласно одредбите на овој закон, ќе му се изрече на лицето кое
постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
 
                                        Член 69
(1) Кога возачот го остава возилото без непосреден надзор, должен е да
ги преземе сите потребни мерки со кои ќе се спречи неовластено користење на
возилото или самотргнување на возилото од местото на кое е оставено, а
особено:
- да ги сврти предните тркала кон тротоарот, односно патот и да ја стави
рачката на менувачот за возење наназад – ако возилото се остава на
надолнина, односно да ги сврти предните тркала кон средината на патот, да ја
стави рачката на менувачот во прв степен на пренос и да ја притегне
паркирната кочница – ако возилото е оставено на нагорнина и
- да стави клинести подлошки под соодветните тркала на возилото, ако
на пат со надолжен наклон е оставено возило кое е опремено со такви
подлошки.
(2) Глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 20 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбата од ставот (1) на овој член.
 
                                       Член 70
(1) Запирањето или паркирањето на возила или напуштањето на
просторот за запирање и паркирање со возилото, се врши на начин да не се
загрозуваат другите учесници во сообраќајот, односно да не се нанесува штета
на имотот.
(2) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбата од ставот (1) на овој член.
 
                                         Член 71
(1) На сообраќајна површина наменета за запирање и паркирање на
возила, на која со сообраќаен знак или со посебна ознака се определени
просторот и начинот за запирање и паркирање, возачот е должен да го запре и
паркира возилото само на определениот простор односно начин.
(2) Глоба во износ од 25 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода  
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбата од ставот (1) на овој член.
 
                                                Член 72
 (1) При запирање и паркирање на возила, возачот е должен меѓу своето
возило и возилото што е претходно запрено или паркирано да остави доволен
простор, за да може возачот на претходно паркираното возило непречено да
влезе во возилото и возилото непречено повторно да се вклучи во сообраќај.
(2) Глоба во износ од 25 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбата од ставот (1) на овој член.
 
                                         Член 73
 (1) На јавен пат на кој има посебно изградени автобуски стојалишта
надвор од коловозот, возач на автобус не смее заради влегување и излегување
на патници, да го запира автобусот на коловозот.
(2) Глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбата од ставот (1) на овој член.
 
                                        Член 74
(1) Возило, освен велосипед, мопед, мотоцикл, не смее да се паркира во
двоен ред на коловозот.
(2) Во случај на принудно запирање на возилото поради сообраќајна
незгода, изведување на работи на патот или во други случаи кога е неопходно
запирање на возилото, возачот не смее да го напушти возилото, освен заради
укажување помош на лице или во случај на опасност.
(3) Глоба во износ од 25 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбата од ставот (1) на овој член.
(4) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбата од ставот (2) на овој член.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5156 на: 18 Октомври 2014, 01:32:32 am »
аааа... пази да не го испрочитам целово... хахаха... имам попаметна работа да направам... :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5157 на: 18 Октомври 2014, 01:39:26 am »

Да не има некој можеби направено собрана збирка извадоци од закони, кои е корисно човек да ги има во кола?  ;)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5158 на: 18 Октомври 2014, 01:49:29 am »
аааа... пази да не го испрочитам целово... хахаха... имам попаметна работа да направам... :)
Pa dobro, i ja od A do SH ne go procitav, tuku frlav pogledi megu redovi. Ete stisni F3 na tastaturata, pisi minuti, vremenski period i slicno i proveri dali ke ti izleze nesto ;)

@Van, ja licno ne, koga mi treba, go otvoram zakonot i pisuvam klucni zborovi. A treba da si napravime zbirka od najvazni clenovi od zakonov.

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #5159 на: 18 Октомври 2014, 03:25:33 am »
многу раздвижена полицијава во потег од рузвелтова до веро тафталиџе... да не се има случено нешто низ градов?