Многу ме интересира,дали истите (надминувања,ме интересира за +29км/х) на ограничената брзина важи и кај товарните возила,поточно кај камионите,односно дали ако со камионот возам 65км/х каде што е дозволено 40км/х,ке добијам казна од 45евра или па 300-400 евра?
Барам сигурен одговор,а не би требало,не би требало. 
Поздрав
Мече 
Бујрум Мече

Член 40
(1) На јавните патишта се ограничува брзината на движење на следниве
категории на моторни возила на:
- 80 километри/час - за автобуси и автобуси со лесна приколка, за
товарни моторни возила чија најголема дозволена маса не е поголема од 7.500
килограми, за моторни возила кои влечат камп-приколка и за патнички возила
што влечат лесна приколка,
- 70 километри/час - за автобуси кога се врши организиран превоз на
деца, за зглобни автобуси кои немаат определени места за стоење, за товарни
моторни возила чија најголема дозволена маса е поголема од 7.500 килограми и
за товарни моторни возила што влечат приклучно возило,
- 60 километри/час односно 80% од најголемата дозволена брзина
определена според видот на патот, односно определена со сообраќајните знаци
поставени на патот, но не повеќе од 70 километри/час - за моторни возила со
кои се превезуваат опасни материи, односно не повеќе од 60 километри/час -
за моторни возила кои превезуваат отровни материи,
- 50 километри/час – за автобуси и за зглобни автобуси за превоз на
лица во градски сообраќај кои покрај вградените седишта имаат и определени
места за стоење, за товарни возила кои во товарниот сандак вршат групен
превоз на лица и за моторни возила со синџири на тркалата,
- 40 километри/час - за моторно возило кое влече друго неисправно
возило,
- 30 километри/час - за трактори,
- 25 километри/ час - за трактори што влечат приклучно возило со кое се
превезуваат лица, за велосипеди, велосипеди со помошен мотор и мопеди кога
се движат по велосипедска патека и
- 20 километри/час – за туристички воз.
(2) По исклучок од одредбата на ставот (1) на овој член на автопатишта се
ограничува брзината на движење на следниве категории на моторни возила на:
- 100 километри/час – за товарни моторни возила чија најголема
дозволена маса не е поголема од 3.500 килограми,
- 90 километри/час - за товарни моторни возила чија најголема
дозволена маса се движи од 3.500 килограми до 7.500 килограми и за автобуси
и
- 80 километри/час - за товарни моторни возила чија најголема
дозволена маса е поголема од 7.500 килограми и за автобуси кога се врши
организиран превоз на деца.
(3) Кога управуваат со моторните возила од ставовите (1) и (2) на овој
член, возачите се должни да се придржуваат кон брзините пропишани во
ставот (1) на овој член и на патот на кој со овој закон или со поставениот
сообраќаен знак е дозволена поголема брзина.
(4) Моторните и приклучните возила од ставот (1) алинеи 1, 2, 3, 4, 6, 7 и 8
на овој член, што се регистрираат во Република Македонија, освен возилата на
Армијата на Република Македонија, Полицијата, задолжително треба да имаат
ознака поставена на левата половина од својата задна страна, во форма на круг
со бела боја, обрабен со црвен раб, во кој со црна боја е испишан бројот што ја
означува најголемата дозволена брзина на движење на тие возила.
(5) На правното лицe кое ќе нареди или дозволи управување со возило,
спротивно на одредбата од ставот (4) на овој член ќе му се изрече глоба во
износ од 650 евра во денарска противвредност.
(6) За прекршокот од ставот (5) на овој член глоба во износ од 520 евра во
денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното
лице.
(7) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност, ќе му се
изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1), (2) и
(3) на овој член.
(8.) Глоба во износ од 25 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбата од ставот (4) на овој член.