Што може да се направи во втората случка од видеово, 17та секунда? Стоиш на семафор прв, каде ќе бегаш за пола секунда?
Следната случка, меѓу камион и кола пешак излегува како леминг, нема шанси да го видиш а пола секунда е времето за реакција?
Во повеќе од пола ситуации треба на кривите доживотно да им ја земат дозволата. И тоа превентивно, пошто гарант пред несреќиве повеќето имаат ситуации каде се извлекле со среќа и со „знаење„ (а да биле снимени на раскрсници, и/или со брзиномери со фотографии, пак можеле да се превентираат ситуациите).
Пред десетина години, во Швајцарија, на пријател така апаратче автоматски го сликаше за 7-8км над дозволената граница. Убаво видов како светна покрај автопатот (тоа не е блиц, туку упозорување дека е сликан, да не го сликаат пак за неколку километри).
Казна за неколку дена му стигна дома во плик, 700-800 франци и 3 месеци забрана за возење. Единствено се извади што мајка му се пријави дека она возела (не се гледало убаво на фотографијата), па нејзе и ја земаа возачката 3 месеци.