Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1700780 пати)

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1875 на: 31 Октомври 2012, 19:08:06 pm »
Слушнав муабет дека ако ти е пукнато предното стакло може да те казнат?

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9217
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1876 на: 31 Октомври 2012, 19:16:33 pm »
точно

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14073
  • Пудингот на шоферството
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1877 на: 31 Октомври 2012, 19:37:39 pm »
Кога последен пат си јурел низ тесна уличка со 60 на саат, а кога си поминал бавно на твое зелено?
Низ Битола како шо се уличките секојдневно возам 60+,а на зелено многу ретко врвам пошо стално црвено ме фаќа.

И за пукнато ветробранско стакло казнуваат одамна.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1878 на: 31 Октомври 2012, 20:21:27 pm »
Јас коа би се прашувал, треба да се казни, знаци има да ти истераат очи. Нови Стари, правилно неправилно, практично непрактично, педерски или не, тие се таму поставени, и треба да се почитуваат.
Најпедерски е оноа, доаѓаш до уличето, кое ете од пред некој ден је едносметрно, ама пусто си навикнал да идеш по него, и ајде ќе се шверцнам, и оп, ете го џандарот тука со тефтерот, го пуни буџетот...... и сеа кој е крив? Цацко ?

На времето коа беше јагма со казни за дневни светла и (не) зборење на мобилен, ја бев најревносен мислам почитувач на правилото за светлата. И еднаш забораив.....и ми плесна една дебела рамковна џандарка казна, и си ја платив, и од тогаш, си пазам.

Само систем на казни може да не доведе у ред. Тоа е (за жал) единствен начин да почитуваме правила.........

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1879 на: 31 Октомври 2012, 20:29:51 pm »
Само систем на казни може да не доведе у ред. Тоа е (за жал) единствен начин да почитуваме правила.........

Не сум против, али сегде да се применува.
Од другата страна ни на сон неможат  да направат т.е. да го спроведат.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4624
  • Муфљуз
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1880 на: 31 Октомври 2012, 20:31:18 pm »
Понекогаш полицијата треба да ги земе во обзир и околностите во кои ја пишува казната. Имаат они право и опомена да напишат. На пример: Влегува во еднонасочна улица средновечен човек со службено комбенце поштено без намера да се искручи и го застанува џандар. Гледа дека адресата на живеење не е тука а еднонасочниве улички тазе па си вика овој може не е запознаен башка не се курчеше. Опомена по мене.
Втора ситуација-во истата уличка влегува курназ со чкрипење и агресивно возење зборувајќи на телефон без светла и го застанува џандаракис. Овој му вика абе аман 5 метра до кафичов само сум да не вртам круг. Казна со две раце напишана.

Немојте грешно да ме сватите не викам дека треба да има двојни стандарди меѓутоа треба до некаде да се направи проценка на степенот на вина на сторителот на прекршокот, дали е тоа направено од небрежност или свесно. Сигурен сум дека после опомената чесниот човек нема да ја повтори грешката и подобра поука ќе извлече.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54824
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1881 на: 31 Октомври 2012, 20:33:15 pm »
Немој грешно да ме сфатиш, ама типот со комбето папа казна. А другиот нема да биде казнет.



Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9217
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1882 на: 31 Октомври 2012, 20:34:21 pm »
обично се удараат пцовки,добри пола саат откога ќе ти пишат казна ;D
колнење и слично :D



озбилно не е во ред да ти пишуваат европска казна на македонска плата

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4624
  • Муфљуз
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1883 на: 31 Октомври 2012, 20:38:23 pm »
Немој грешно да ме сфатиш, ама типот со комбето папа казна. А другиот нема да биде казнет.

Тоа е тоа што ги иритира сите обични луѓе во државава.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7307
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1884 на: 31 Октомври 2012, 21:56:01 pm »
Немој грешно да ме сфатиш, ама типот со комбето папа казна. А другиот нема да биде казнет.

Тоа е тоа што ги иритира сите обични луѓе во државава.

Пример, сабајле на пешачки ќе ме прегазеше за милиметар дечко од обезбедување на Владините високи луѓе. А џандар на 5 метра од нас... ама нема гајле... затоа на вујко ми за непропуштање пешак ( а пешакот речиси НЕ стапнат на пешачки ), му залепија една од 300-400 евра -.-

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7059
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1885 на: 31 Октомври 2012, 23:51:59 pm »
Слушнав муабет дека ако ти е пукнато предното стакло може да те казнат?

Какви се законите кај нас, ке ти пукне шофершајбна на пат, ке мора со шлеп да ја носиш до сервис, затоа што џандарот со сета буџетска дупка што ја имаме, сигурно нема да има разбирање за тоа и ке ти опне казна.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9217
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1886 на: 31 Октомври 2012, 23:56:04 pm »
тоа е така,зошто има многу што си возат со пукнати шофершајбни
а ако пукне на автопат,дур се направи посериозна штета,која би му сметала на возачот треба да поминат барем 24 часа

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1887 на: 31 Октомври 2012, 23:59:58 pm »
Точно. Нашиот народ си вика: ај ќе возам па ако ме запрe ќе му речам дека сега ми пукнала, истиот муабет и за сијалица изгорена...

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9217
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1888 на: 01 Ноември 2012, 00:10:31 am »
али ни едното ни другото не држат вода,сијалица треба да си имаш резерва,а тоа шофершајбната распукала цела,не иде да се правиш будала и да викаш дека сега се расцветала

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1889 на: 01 Ноември 2012, 21:55:44 pm »
мене кога полагав инструкторот ме учеше дека кога ќе ме застане џандар ако ненамерно сум направил грешка или нешто слично дека МОРАЛНО е да поминеш само со опомена бидејќи не е секој прекршок за казна...

нешто беше советодавна или прекршочна мерка.... ако ти е првпат или си почетник или нешто слично дека треба да ти даде совет за да не ја повториш нареден пат, а не одма казна да пише...