Ај провери кога ти истекува регуралната возачка дозвола?
Ми истекува на 09.10.2013 како што пишува и на меѓународната.иначе веќе се имам сликано за нова возачка,пред месец и кусур негде,незнам дали е готова,ама и да е,не идам да ја зимам.Прво да го истерам одморот со важечкава меѓународна,да не давам џабе 850 денари за нова:)
пиле... меѓународната возачка е валиден документ сам за себе... ти можеш да си ја земеш новата возачка и да си тераш со оваа меѓународната, нетреба да даваш нови 850 денари за нова меѓународна се додека ти е важечка актуелнава... го утупевме муабетов за возачкава... употреби малку логика... а башка ем прашуваш, ем на крај контрираш... ако ти акнале печат дека ти трае повеке ондак блазеси ти, си го заебал петелот...
да резимираме со муабетов за меѓународна возачка:
-важи 3 години т.е. 36 месеци
-може да трае пократко само ако порано ти истекува актуелната возачка
-не е директно врзана со промена на МКД возачка т.е. е независен документ
-потребна е да ја имаш сегде каде возиш надвор од МК, без оглед дали е тоа земја од ЕУ или не
-важи и за земји каде се вози во левата лента, т.е. волан од десна страна
-пред подолг престој проверете го законот за важење на меѓународни дозволи во таа држава... пример, во уса можеш да возиш макс 18 месеци со таа возачка, нов зеланд и австралија максимум 12 месеци... англија исто е 18 месеци, бугарија е 24 месеци, србија е до валидноста на возачката.. толку, не ми текнува на други држави во кои сум бил и сум се заинтересирал околу законовие... значи зборам ако си влегол во државата и не си излегол.. инаку секој влез-излез од таа држава е ресет на тајмерот (дневната километража

)