Тоа се смета кривично затоа и на тоа те чека, однсно изнудува од тебе, за прекршочна ништо не ти смее, на пр. 80 да си возел и да те снимал, џабе му е.
Грешка си - На пример некој со 200 км/х излетува од автопат, се превртува и притоа не удира друго возило, односно целата штета и материјална и нематеријална (ако остане жив) - е само негова, во тој случај полиција против тоа лице поведува ПРЕКРШОЧНА постапка - загрозување на безбедноста во сообраќајот и после во Суд за прекршоци ти се определува казна согласно Законот - која е одземање возачка, плаќање глоба, казнени поени, плаќање трошковник за извршениот увид од полиција........итн.
Пример два, со 100км/х исто на автопат каде е дозволено 120, се превртува лице поради невнимание и притоа удри да речеме у друга кола во која има загинат или тешко повреден - тогаш следи притвор, кривична пријава, надомест на штета и затвор + сето горенаведено.
Има еден мал милион примери, ама да ве лишам од четива.
И да снимката може да се користи како доказен материјал во прекршочна постапка за сторен прекршок - пример дека некој прошол на црвено (овде мало оградување, доколку во меѓувреме не се направени некои измени во Законот).
1. Возење 200 на автопат односно 50 над дозволеното е
кривично дело.
2. Повредено лице значи се работи за
кривично дело.
- значи пак за кривични дела станува збор ПОСТОЈАНО.
3. Поминување на црвено е
кривично дело.
_____________________________________________________________
Примери за прекршоци:
Возење 20кмч над дозволеното, магленки пуштени, возење без светла, немање појас, недавање жмигавец...
Значи како што рече члинк си возел 80 во дозволено 60, тоа си е прекршок. И дали важи снимката тогаш?