1. Пред 4год одам накај кисела вода со брат ми, го носам на гости кај едно девојче, уното со фолии бункер, ништо не се гледа

и ме сопираат кај стара рампа со ротационо, излегува и ми вика дечко документи, му давам и ми вика чија е колата, пред месец време ја купив му викам

ок значи за фолии 300евра и за непрефрлена од сопственик учте 300евра

му викам чекај ќе ги одлепам фолиите одма

и само што ги одлепивме предните на брат ми му текна дека на девојчето брат и е во мвр нешто повисоко, и ајде ѕвонење, и ок колега во ред ке ги пуштам им спаси 600 евра
2. После месец-два одам да го пречекам брат ми од одмор во 5-6часот сабајле, го зимам и застанувам на црвено кај соборна да фатам накај нова македониј, пиле не пееше а јас го фатив семафорот 99секунди, и си викам ај да не минам ќе ме начекат некаде кој ќе се расправа ќе си почекам, и на уште 3сек црвено гледам на ретровизор врта накај мене од кај центар крајслер, јас си фатив лево и пак на ретровизор ги гледам летаат накај мене и си реков го папав сега, по мене тргнаа

и пак за задните фолии ме казнија 300евра

не ја платив застаре казната

3. Си одам накај СР низ демиркапија, со суперб 1.8тси

не беше мој, ми дадоа да возам, изморен беше газдата, си тргнувам јас по прописи возам, нели туѓа кола

и ме гледа газдата ми вика абре гази ја, што се влечиш

и така газејки на демиркаписка клисура на дозволено 70км ме измерија 100км на рамно +30

и не носев возачка, па не им се к**чев многу и ме опоменија за брзината, а ме пишаа казнени поени за возачката, и со една жалба во гевгелија подоцна ми ги поништија поените
има и други поситни

ама едно имам заклучено дека не треба карање и к**урчење, полесно се поминува