Како може сè да се убаво среди и организира цело Скопје — од Карпош до Алкалоид, полиција на секои 50 метри, сè мирно, нема застој, нема улетување, нема прекршоци — значи сè по пропис. Епа тоа покажува дека не е до возачите, туку до системот, односно до тие што земаат пари, а не си ја работат работата. Еве кога работат, како е? Совршено.
Да си ја работат вака работата 365 дена во годината — ви гарантирам, ќе има нула прекршоци и нула сообраќајки.
Ама не, ова само пред избори го прават, па после 4 години ги нема никаде.
Како може една жена во Тинекс да рмба цела смена, а полицаец не може да стои на улица и да ја врши својата должност? Тоа им е работа!
Нека излезат секој ден вака, нека си ја завршуваат службата како што треба — и Скопје ќе биде најуреден град на Балканот.