Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2099818 пати)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5201
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13995 на: 08 Јули 2025, 15:16:39 pm »
Niso Jimmny tie nema da gi broime... Ke ne teraat da se bockame so eksperimenti nekoi

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3142
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13996 на: 08 Јули 2025, 15:57:28 pm »
Првин научи што е факт, што е мислење. 

Ова интернетов директно во лице ни покажува со какви луѓе живееме. Страшно

se igra nekoya igra na najjako

Факт е следново:
Пред една година, мојот најдобар другар ја сахрани својата мајка, која имаше само 58 години. По примањето на вакцината, ѝ беше дијагностициран рак на коски – а според медицински наоди, потврдено е дека болеста и нејзиното влошување биле директно поврзани со последиците од вакцината.

Факт е дека и неговиот татко, сега 64 години, се бори со болест на белите дробови, и повторно – документирано е, со медицински извештаи, дека тоа е поврзано со реакција од примени вакцини.(Од независни експерти остави тука кај нас)

Другар ми живее повеќе од 15 години во Минхен. Нема што не направи/прави– тестови, скенови, специјалисти, лаборатории – и сега ги собира сите официјални документи и медицински докази за да ја истера вистината и се истера и се истерува..

Затоа пред да зборуваш т,е никој не ти брани да зборуваш пишуваш прави што сакаш слобода , стој и на глава.. но  читај убаво како е напишано (факт). Некои од нас зборуваме од лично доживеано страдања, а не од напамет кажани фрази.

И да не ти тропне ѓаол на врата тоа е најдобро.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3142
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13997 на: 08 Јули 2025, 16:00:04 pm »
Niso Jimmny tie nema da gi broime... Ke ne teraat da se bockame so eksperimenti nekoi

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk

Никогаш не му кажувај на доктор што ти е, ќе те разболи-Народна поговорка. Гледај сеа ке мора ова до детаљ да се објаснува ова ете ти работа хаха

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13998 на: 15 Јули 2025, 21:55:09 pm »
Каква сообраќајка ќе имаше кај Смоквица каде што има стандард радар према Гевгелија заради тотално небезбедно застанување на возило тоа чудо нешто.

Ситуацијата е следна, блендаат од спротива дека има полиција, и држиме сите на 120-130 км/ч и возиме така во десна лента, пред мене три возила, јас четврто.
Одеднаш тој почнува пред мене да престигнува, ама не верувам дека кренал повеќе од 150 км/ч со оглед на темпото со кое ги престигаше двете возила и само одеднаш полицаецов на очигледно наидување и на возило во десна лента, истрчува до лева лента со палка и набрзина со трчање се враќа назад.

Овој што престигнува, започнува со престројување десно и нормално нагло кочење.
Поради тоа, првото од возилата што вози во десна лента исто така започнува да кочи и се поместува налево.
Второто возило позади во десната лента мораше толку нагло да закочи и да се премести во лева лента иначе ќе го удреше и него, и тој напред и ќе настанеше таков карамбол за што, заради прекорачена брзина од 20-30 км/ч.....
Страшно...

Ја само си реков, толку пепел се направија........

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1725
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13999 на: 15 Јули 2025, 22:03:36 pm »

Неколку пати сум кажал и пак ќе кажам. Застанување со радар на автопат ВООПШТО НЕ Е безбедно. На обиколница имаше сообраќајка ради ова.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14000 на: 15 Јули 2025, 22:18:11 pm »
Јас само ќе кажам, позитивно изненаден сум од Србиве, Романциве и сите останати странци што возат, веднаш воочуваат кога престигнуваат во лева лента ако наиде побрзо возило од позади и се тргаат одма назад во десна лента.

За разлика од возила со наши таблици, за инат ќе ја држи лева лента и ќе престигнува со 121 км/ч а другото возило со 120, и потоа ќе продолжи уште да ја држи лентата.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14001 на: 15 Јули 2025, 22:54:43 pm »
Само Србија и Македонија можиш да начекаш толку ретардиран полицаец кој на автопат ќе излези на лева лента со палка да запри возило.
Кој мозок треба да го има за тоа да го направи?

Ете во ситуација каде се повеќе возила во близина кој од паника,кој од збунетост ќе се направи многу поопасна ситуација од еден мал прекршок.

За тие што дремат во лента,две три подолу и од десно пошо немаат стигнато до нив нашоте џандари да ги казнуваат.

God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7562
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14002 на: 15 Јули 2025, 23:02:46 pm »
Со должна почит кон исклучоци, ама на добар дел од полицајциве, мозокот им работи на различна фрекфренција. Се кријат зад контејнери на плус 35+, позади жардињери, грмушки.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14003 на: 15 Јули 2025, 23:13:41 pm »
На е75 еве извесен период ги има интезивно и тоа:
Во правец кон Велес кај Катланово Бастион ресторан на 80 ограничување
Мост на река Вардар пред Дади во правец кон Градско на 100 ограничување
Излез на први тунели после Демир Капија во правец кон Гевгелија на 80 ограничување
Смоквица во правец кон Гевгелија на 120 ограничување

За назад најчесто се кај на некои 2-3 км пред Дади Компани во правец кон Велес на 120 ограничување
На угорното пред Велешка патарина кон Скопје на 110 ограничување.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14004 на: 16 Јули 2025, 22:48:08 pm »
Со должна почит кон исклучоци, ама на добар дел од полицајциве, мозокот им работи на различна фрекфренција. Се кријат зад контејнери на плус 35+, позади жардињери, грмушки.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Земал чоекот го-про и статив, снима инди филм, бе, шо...

Дугачките ногавици се затоа што кога прскаа против комарци, зборавија да стиснат дугмето, некако само брчење се слушаше, а никакво прскање не се гледаше.
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7220
  • French diamond
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14005 на: 17 Јули 2025, 19:36:51 pm »
Не ме излажа интуицијата дека ќе добијам некоја честитка, Чешка ме поздрави, ама слаби се овие, само 30€, гола вода.

На здравје г*мната на одредени јадачи.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14006 на: 17 Јули 2025, 20:51:42 pm »
Ти имаш мака од братски(словенски) народи.В година менувај рута.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14007 на: 18 Јули 2025, 06:44:12 am »
Бреееј, да ти се одмили со кола да тргнеш.

Ајде нека е последна оваа, за 30 еур. не е страшно.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7220
  • French diamond
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14008 на: 18 Јули 2025, 06:51:15 am »
Во 1 вечерта кога нема жив пес на патот, да возиш 80 на автопат е стварно глупо..преку денот да, гужви, опасност од сообраќајки и слично во ред е.. ама во 1 вечерта, пре би да платам 1 800 денари одколку да возам 80.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14009 на: 18 Јули 2025, 10:23:37 am »
Мене у глуво доба, на автопат, на фаќин угорница, ме сликнаа со 109 на 100 (100ка бе, на врв на угорница, иди па разбери), ми пуштија поздрав... Ам то е...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.