Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2139002 пати)

Отсутен NiceNaumóski2000

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 55
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13740 на: 29 Април 2025, 19:11:50 pm »
Дали некој знае дали може да се вози без возачка дозвола во оној рок на изработка?

Нели даваат еден документ/ливче/уверение кога се сликаме...тоа го имам,а старата возачка ми е таму...

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2288
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13741 на: 29 Април 2025, 19:18:00 pm »
Можиш и без возачка да возиш се додека не те фатат...
Тој не е валиден документ за пред сообраќајна полиција, тоа е уверение за на шалтер,  дека тој и тој поднесол за нова возачка.
Можиш да ризикуваш секако да возиш, ама тешко дека некој ќе ти прогледа низ прсти.
Најдобро почекај си.

Отсутен NiceNaumóski2000

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 55
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13742 на: 29 Април 2025, 19:36:52 pm »
Можиш и без возачка да возиш се додека не те фатат...
Тој не е валиден документ за пред сообраќајна полиција, тоа е уверение за на шалтер,  дека тој и тој поднесол за нова возачка.
Можиш да ризикуваш секако да возиш, ама тешко дека некој ќе ти прогледа низ прсти.
Најдобро почекај си.
оти роков е 10тина дена за да стигне новава,а возам секојдневно хонорарно...вака ме оставија без возачка...

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2288
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13743 на: 29 Април 2025, 19:37:50 pm »
Зошто старата ти ја здржале?
Истечена била?

Отсутен NiceNaumóski2000

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 55
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13744 на: 29 Април 2025, 20:00:09 pm »
Зошто старата ти ја здржале?
Истечена била?
да,а и забрана од 2022...

Отсутен NiceNaumóski2000

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 55
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13745 на: 29 Април 2025, 20:00:47 pm »
со новата фактички започнувала забраната од 3месеци

Присутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 655
    • ibiz.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13746 на: 29 Април 2025, 20:24:33 pm »
со новата фактички започнувала забраната од 3месеци

Од денот на поднесувањето е забраната почната
Затоа ти е земена старата , ако сакаш и после 10дена ја земи, и после 3 месеци исто ти е

Јас не би возел, посебно овој период со зачестенс полиција

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 824
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13747 на: 29 Април 2025, 21:20:44 pm »
Луѓе,
Јас имав возачка со траење до 2032.
Положив за мотор, и земав нова возачка, со траење до 2034.
При земање на новата возачка не ми ја земаа старата, и во овој момент имам 2 возачки дозволи со добар рок на важност.
Тука не се знае кој пие кој плаќа.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 830
  • The best or nothing.
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13748 на: 29 Април 2025, 21:25:26 pm »
Едната ти е за во кола, другата под седиште на моторот.

Отсутен NiceNaumóski2000

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 55
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13749 на: 29 Април 2025, 22:02:37 pm »
со новата фактички започнувала забраната од 3месеци

Од денот на поднесувањето е забраната почната
Затоа ти е земена старата , ако сакаш и после 10дена ја земи, и после 3 месеци исто ти е

Јас не би возел, посебно овој период со зачестенс полиција
фала ти

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2014
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13750 на: 30 Април 2025, 09:58:22 am »
Луѓе,
Јас имав возачка со траење до 2032.
Положив за мотор, и земав нова возачка, со траење до 2034.
При земање на новата возачка не ми ја земаа старата, и во овој момент имам 2 возачки дозволи со добар рок на важност.
Тука не се знае кој пие кој плаќа.
Не сум сигурен али голема е веројатноста едната во систем да ти е одјавена, па по број на возачка ако проверат голема е веројатноста да фрли истечена таа, а доколу иде по мб проверка нема да приметат ништо, претпоставки мој ова се

Отсутен HoLfElDeR

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 37
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13751 на: 09 Мај 2025, 17:04:53 pm »
Дечки на ЕНЕР ги имате објавено законите за безбедност во сообраќајот и законот за прекршоци. Прочитајте ако ве интересира и може да дадете ваши забелешки, плус не е лошо да се дадат и забелешки за овозможување на камера во кола (dash cam).

https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=104314

https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=104313

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4070
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13752 на: 09 Мај 2025, 18:19:11 pm »
Нема веќе возење точак со слушалки

По член 96 се додава нов член 96-а, кој гласи:
„Член 96-а
(1) Возачот на велосипед, велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл, лесен четирицикл и четирицикл, за време на управувањето со возилото не смее да користи електронски уреди, како што се слушалки во двете уши, мобилен телефон, таблет, смарт часовник или друг вид на електронски уред, со кои би му се намалила можноста за реагирање и сигурно управување со возилото.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5979
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13753 на: 09 Мај 2025, 18:28:41 pm »
Никаде не пиши дека е забранет деш кем. Има две три статии рандом со казни и квази извадоци од закони.
Баш пред некое време ме фати инает низ целиот законик за заштита на лични податоци пребарав по клучен збор, камери се спомнати само кај полиција дека се луваат до 6 месеци при постапка,нешто околу автошколи и за камери пред згради има.
За во автомобил ништо никаде не најдов. Снимање на јавен простор не е забрането.
Еве го и фамозниот член 152, го толкува овај на видеото.
 Во последните 5 секунди е кажано дека гонење за делото по став 1 се превзема по приватна постапка.

« Последно менување: 09 Мај 2025, 18:40:00 pm vladic3110 »
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 614
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13754 на: 23 Мај 2025, 10:48:42 am »
Пајак ми ја крена колата во Чаир. Има надеж за оваа држава.
Aus Liebe Zum Automobil...