На некој начин култура е и негување и изразување на различни дијалекти.
Во случајов дијалектот е применет како стилски израз и низ таа призма го направи настанот поинтересен.
Повеќе ми пречат странцизми со изменето значење, како пред некое време еден министер најави некакви реформи при што би имало 2 различни видови матичен лекар, семеен и фамилијарен.
Па понатаму излезе дека семејство било потесен круг од фамилија, а фамилија поширок круг од семејство.
Или па хрватското ПРЕнемагање, како своевиден суперлатив, при што се добива предобро наместо одлично.
Или па работата ќе отиде дотаму да некој ќе каже преблиску сакајки да долови позитивно значење, а всушност е начин на изразување на негативност.
Значи преблиску, предалеку, пресолено, прекисело..., сето тоа е изразување на негативност.
ПС сите тие што ќе кажат/напишат предобро наместо одлично се новонастаната раса северџани