Минатата недела ме застанува полиција на влез во Дортмунд(редок случај,ова е вторпат да ме застанат во Де во 6г).
Рутинска контрола и имаше бекое дете како на пракса му објаснуваа.
Од старт ме следеше казна за возење со влечки(наместо чевли или патики) и имав прекршено работно време пред тоа.
Значи за чевлите обавезно,а за работното време имав оправдување така да претежно прогледуваат низ прсти али неможиш да знаеш.
Додека стикот исчитува од тахографот добива џандарот повик за хитен случај,скокна од камион со се документи и вика чао ние мораме да одиме.
Абе дај документите ваму па шо сакаш прај после.
Ми ги фрли вика слободен си ние имаме интервенција,во меѓувреме извадив стикот и неговата картичка од тахото им ги вратив и спасив газ.

Пред оваа дешавка Англија ме исклучија за контрола,најдоа лоша гума на приколка и воланската спона на камионот,ме заклучија додека не дојди сервис да ги смени.
Си порачав серцис,дојде ги смени,си плати фирмата 280£ казна и чао рагаци.
