Недела,убав сончев ден си чепкаш низ двор а соседите кои пред година-две ги тужев,со кој никој од соседството не е во добри односи,кои се откажани од родителите службено,кои имаат една купица тужби поплаки и што уште не платиле некој со бензински тример да кастре бршлен висок 2+м кој е на граничната ограда.
Во еден момент сеќејќи почнаа да летат гранки-лисја врз возилото,врз масата во дворот која е 6-7 метри оддалечена од зидот, му укажав на тој што сечеше да внимава премногу далеку летаат гранки при сечењето,но откако соседите дознаа дека сум му се пожалил му рекоа да нема гајле и да си продолжи без да внимава а имаше и некој недоличен збор навреда против мене.
За неполни 10-15 мин полиција ми дојде на вратата дека имало поплака против мене од соседите дека не сум им дозволувал да работат.На службените лица им укажав а и на лице место се гледаше до каде има расфларно гранки и листови.Ми зедоа податоци и слично и ме предупредија да не ги спречувам во работата на што почуствував неправда.
Во разговор со другар кој е адвокат бев во полицијата и пријавив дека со причина и добрососедски му укажав да внимаваат но не го сторија тоа и продолжија да прават неред во мојот двор сечејќи од нивната страна на дворот.
Да беа соседи со кои се има разбирање,да не ми плукаа на поштенското сандаче закачено на портата,да не ми направија скандал кога поставував порта за што и ги тужев за Загрозување на безбедноста,да не ми фрлаа семки од праски во тревникот ,да не палеа треви,пластични шишиња во нивниот двор и предизвикуваа страшна смрдеа и што уште не немаше око да ми трепне јас ќе им се понудев бесплатно да го средам бршленот и искастрам рачно.
Место да се има релаксиран и опуштен викенд се занимавам со глупости и полиции па добив и опомена.Не ми е само јасно функционирањето на службениците видоа на лице место дека со причина им реков да внимаваат но тоа не ги интересираше.
Причина плус за бегање од оваа дно дна општество и нефункционални институции.