Од премногу доверба во институциите и луѓето кои работат таму, да смешно звучи ама на потсвесно ниво баш така сме воспитувани.
Затоа треба да се знаат важните делови од законите, во случајов тоа дека над 80км/ч ти зимаат возачка дозвола.
Никогаш нема да се расправам и селски да се понашам/провоцирам, но нема ни да потпишам дека сум возел 80 и некој ситен километар. На крај не сакаат ни тие да се влечат по судови, замисли од 1000 луѓе што ги казнил месецов само со 5-10% да мора да иде по судови.
Тоа кажано, изнад 80 никако возење низ град ниту па калкулации дека на ГПС е плус ~5-6. Прво пошто реално побрзо од тоа не е безбедно ни најдолгите делници без семафори, град е, секогаш има можност да истрча некој или ауто да направи нешто ретардирано. Второ пошто не се исплати, некогаш порано или подоцна мора да те упецаат и ќе останеш со месеци без возачка... Но да, ако не излагаш често навдор/внатре во Скопје, при влагање од аутопат лесно може да се опуштиш на влез да немаш осет со колку возиш. Се дешавало.