Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2100713 пати)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9480 на: 12 Октомври 2018, 08:11:51 am »
Што совозачот алкохол?
Пијан човек не смее да се вози напред, има казна за тоа.

Отсутен Kikulec

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 68
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9481 на: 12 Октомври 2018, 10:55:42 am »
Nikogo, ama bash nikogo ne znam da mu pisale kazna a da bil po site propisi ispraven.

Другар пред некое време го застанале, и му пишале казна без врска, овој идел од спротивна да се приклучи на главна, и поминал семафор на зелено, се уклучил на главната и малку подолу го застанале, демек поминал на црвено, они гледаат од спротивниот семафор кога им се пали... А другаров дур застане да види дали иде некој од главната, дур тргне, дур се уклучи на главната, семафоров позади него веќе се упалил црвено, и за овие тоа е поминување на црвено, па се објаснувал пола саат, за на крај да му пишат казна за каиш, без разлика што имал каиш... Го прашале дали имал каиш, а виделе дека има, и нормално, им рекол дека имал, и му рекле е па тогаш ќе пишеме казна за црвено, и овој видел дека мора да му пишат, им рекол добро тогаш, немав каиш, и демек ок, тогаш ќе пишеме казна за каиш... Така да ако те застанат и сакаат да те казнат, ќе те казнат...

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9482 на: 12 Октомври 2018, 11:58:26 am »
@Power to the people  Тетоо Гостивар 80..

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9483 на: 12 Октомври 2018, 12:33:28 pm »
Што совозачот алкохол?
Пијан човек не смее да се вози напред, има казна за тоа.
yep, до 1,2 мислам беше, али битно има регулатива.
Кикулец, пак не било туку-така, пак било црвено. Друга работа, да не испадне го праам другарти лажив, ама другар мој се бунеше зш му пишале казна, на крај кога му рекле овие дека може да погледне снимка, ама тоа ќе го кошта 200 еу испадна дека за малу ќе изгазел пешак на пешачки т.е. кај возел 70 ноз град па уште не застанал на пешак. Не дека се полицајциве светци, поготово сега што ти не изнапримија знаеш како, ама еве во моментов додека пишувам, пошто прозорот ми гледа на булевар на крстоснива, 3-ца свртеа полукружно. Ами цел ден колку ќе свртат.

Отсутен Kikulec

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 68
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9484 на: 12 Октомври 2018, 20:39:40 pm »
Кикулец, пак не било туку-така, пак било црвено.

А бе да, било црвено чим го застанале, тој не го негира тоа, ама се сменило кога го одминал семафорот, дур чекал да се приклучи на главната, и како сега да знае дека се сменило дур чекал...? Теорија нема... Не знам зошто ги сменија бројачите, што убаво се знаеше уште колку имаш до црвено... И сега трепка жолто нели, ама сеуште има семафори на кои не трепка... Је*и га, да не се најдеш на погрешно место, во погрешно време, така излага работава...

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6831
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9485 на: 13 Октомври 2018, 03:43:38 am »
Регулирана е таа ситуација што ја опишуваш во законот за сообраќај


Значи не станува збор за поминување на црвено ако е таква ситуацијата како што ја опишуваш.
Е сега проблемот е како ја толкува секој полицаец одредбата. Можеби полицаецот и незнае дека таквата ситуација е регулирана во законот и дека не станува збор за поминување на црвено.
И сега ако полицаецот незнае (а треба да знае), тогаш прочитајте го законот.
Живееме во модерно време каде што чим имате пристап до форумот, имате пристап до се. Еве ви го законот, прочитајте си го, ставете го во букмаркс: http://moi.gov.mk/Upload/Documents/zbsp%20169-2015.pdf

Цело време се водите по рекла-казала муабети ''Тој ми кажа вака, пријателот имаше дешавка, му рекле овака, онака''
Имате закон, прочитајте го.


И јас имав пред 2 месеца ситуација со цик-цак возење затоа што еден паметен на сред булевар пуштил 4 жмигавци во десна лента, а јас подоле бев во лева и се престроив во десна и заради него морав пак во лева па пак во десна затоа што два семафора подоле ќе вртев десно.
И полицаецов ме стопира мене и ме прашува што се тоа престигнувања во цик-цак.
И му ја објаснувам ситуацијава и му посочувам дека има кола што го попречува нормалното движење на сообраќајот, ми ги врати документите, продожете со патот ми вели.

Земете испечатете го законот, носете го во кола, ако ве обвинува за прекршок, ајде да го најдеме во законот да видиме како вели.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9486 на: 13 Октомври 2018, 11:30:04 am »
Така де, не си бил ни ти со другарти ни јас со другар ми да знаеме точно како била ситуацијата, инаку крај краева имаш адвокат, ќе му јавиш па тој ќе се расправа со џандарот неписмен или писмен, додуша може поефтино ќе поминеш со казна него со адвокат ама барем правдата ќе биде задоволена :D Или читај закони, безпари е тоа :D
p.s. додуша друг чен го напишал законов али нвз, се разбираме...

Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1554
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9487 на: 15 Октомври 2018, 15:06:08 pm »
Случка со полиција (полицајка) во 16ч кај Валандово-Удово.
Причина: не ми биле пуштени светлата. Возев со дневни светла .
Пробав да објаснам дека возам со дневни светла АМА ме убеди дека тоа биле халогенки/светла за магла , ги пуштив другите и ме пушти без Честитка.



Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9488 на: 15 Октомври 2018, 15:08:45 pm »
.....

Татко ми плати казна за “незапалени“ светла на мечето. Не биле доволно силни и не се познавало дека биле пуштени (предфејслифт на в204 се со леќи и на многу светол ден/сонце не се познава баш дека се запалени).
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9489 на: 15 Октомври 2018, 15:09:45 pm »
Toj што те застанал треба да одговара за непрофесионално работење т.е. нема појма од тоа што му е работа. Треба некој ден сите џандари да ги седнат и да ги научат што се дневни светла и како да разликуваат од магленки. Рецимо кај пасат б7 исто се доле до магленките, еве кај мерцедесов се доле и има многу такви коли.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9490 на: 15 Октомври 2018, 15:25:33 pm »
Според законот возилото треба да има упално соборени светла (средни светла), така да дневниве светла кои се водат како позиции не се доволни.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9491 на: 15 Октомври 2018, 15:30:55 pm »
Аууууу епа ок. Кога ќе влеземе во ЕУ ќе го смениме законот :D

Само да се знае дека од 2008/9 дневните светла според ЕУ регулативе се доста поjaчки од стандардните позиции како на времето кои се далеку послаби од дрл.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9492 на: 15 Октомври 2018, 15:36:30 pm »
Ние си знаеме, ама законодавецот од 2015 кога до донесе новиот закон до денес никако да дознае :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9493 на: 15 Октомври 2018, 15:40:58 pm »
Кога излезе законот пред повеќе години, пишувашенајмалку соборени светла...
Еден период имаше конфузија околу тоа што се соборени светла и се кажуваше по медиуми најмалку позициони но може и средни, што и беше логично. Но на крај излезе дека соборени значи средни светла.
Значи, ако најмалку соборени може и повеќе од соборени (средни) светла, следни се (долги), и ај сега... :)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6004
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9494 на: 15 Октомври 2018, 15:44:21 pm »
Слабо се трошат сијалиците затоа.

Sent from my Lenovo K33a48 using Tapatalk