...и ако возам само со упалени веѓи преку ден, ќе ме казнат или не?
Ете во склоп на фарот се.

Бидејќи ако мора средно светло, сите Аудија /Пасати преку ден што ги гледам возат противзаконски само со лед светла околу фарот.
@Stratro друже незнам што да ти кажам.
Возев Пасат Б7 кој што ДРЛ светлата му се доле во магленки, ме сопре полиција ме предупреди дека не возам со запалени светла.
Мерцедес Б класа, ДРЛ светла има долу во магленки, и тоа ЛЕД светла апла видливи што немаат функција на магленки. Ме сопре полиција исто, ме предупреди.
Ауди А6 со лед лента во фарот долу, не возев јас, бев во кола полиција сопре, го фукнаа 1000 денари казна на лице место.
Џандарите се водат на принцип True-False. Имаш пуштено фарови на средно или немаш. Лед ленти и аксесорис што на запад се во ред и се ДРЛ кај нас не се важат. Мора средни.
Пак ќе кажам ова е од искуство, можеби сум бил малер сум налетувал цело време на лошиот џандар. Можеби во други ситуации е поинаку, ама мислам дека горе доле сите ке се фатат за иста работа.
Кога сме веќе на темата, на пролет ќе прават попара за фолии на стакла, да си знаете со време. Атестирајте си или одлепувајте. Ќе љуштат.