Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2105488 пати)

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1411
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8550 на: 05 Јануари 2018, 00:59:30 am »
Да да јасно ми е, муабетов беше повеќе имам шанси да избегнам судар при 100 него при 200, за судар недај боже ама ко шо велиш за 90+% од колите се фатални. Така да спаркот може не е безбеден и не ти дава да се осетиш безбедно, па те тера да возиш побезбедно.

што сте се запнале со 150 коња. Еве има Opel Tigra 1.4 (90hp) и Opel Tigra 1.6 (106hp- 78Kw - недозволено за почетник). Разликата во цена на половна Opel Tigra (1.4 и 1.6) е минимална и главна улога во бирањето Opel Tigra кога купуваш половна е колку е сочувана а не каков мотор има. Ете ти прост пример кога овој закон ГЛУПАВО те ограничува. Тебе неможе да те убедиме и нема потреба да те убедиме бидејќи не си ти тој што ни ги пишува казните. А се додека не ме видиш во живо колку си ја сакам и пазам колата нема да сфатиш каква е ситуацијата. Правиш реален муабет базиран на СТЕРЕОТИП дека сите 18-19-20 годишни луѓе се неодговорни и незрели. Друга работа, и на 40 да положош ПОВТОРНО СИ ПОЧЕТНИК!

Правам реален муабет базиран на постовите кои ти, и твојот казнуван колега, ги пишувате тука на форумов. Ти си играл со некој џип на 160 км/ч, на колегата твој на 140 км/ч некој му сецнал волан, овој се извртел искинал гуми, ќе се потепал за малце.

Токму вие го правите стереотипот, и поради таквите како вас државата закачила закон со кој ќе ве казнува со 200-300 евра на секое запирање. Едвај чекам да видам кој ќе попушти прв (а државата не попушта).

незнам како си го сфатил тоа сум си „играл“, али во секој случај, сум возел и побрзо од тоа, и ќе возам (во даден момент кога ќе почуствувам дека е безбедно), и татко ми (50+ години, 30+ искуство) возел над 200km/h со мојата калибра, и стратро возел над 200 со неговата. И џипот со кој си „играв“ возеше 160 км/ч, и уште многу други. Поентата ми е не да ја префрлам вината на друг како што ми одговара, туку сакам да кажам дека тој што ќе вози брзо, ќе вози и со побавна кола и со побрза, БЕЗ разлика на тоа дали возачката ја има 2 5 или 10 години. Наврати се на постот кај „играчките“ да видиш зошто си играв. Што го предизвика „играњето“

Ебате споредбиве bmw и spark. То ти е ко точак и ролерки да споредуваш, на 10км/h што е побезбедно да возиш.
Ма немој да ме јебеш бре.
Кое годиште е калибрата? Пространа е, се дупи во неа или на неа?

1993 е калибрата, колата е многу пространа, кога ќе ги спуштиш предните седишта се отвара ко спална. само што е низок кровот, па ако партнерката или партнерот е на повисоката страна може да наидеш на мал проблем.
« Последно менување: 05 Јануари 2018, 01:10:55 am Ѓорѓи »

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8551 на: 05 Јануари 2018, 02:32:23 am »
Среќна Нова Година ви пожелувам на сите, со желби за што поголема ефикасност на сините кошули, а според законот.
Впрочем, најголемиот наш проблем овде е не законот, туку тоа како се спроведува.

Во околина каде што не се сомневаме дека законот е спроведен нема да бидат важни сите овие работи што ги дискутираме на форум.
Во спротивно - сè уште: A.C.A.B.

Ај да сте ми здрави и живи сите и да ја видиме светлината наскоро.
Тогаш, само тогаш, и самиот ќе го признаам тој еден прекршок што го имам направено во 30 години (и како возач, а богами и како пешак)
До тогаш -  - сè уште: A.C.A.B. :]  (ова за ако навистина читаат форум свињите, како што беше спомнато пред некоја страна... :) )
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8552 на: 05 Јануари 2018, 09:19:41 am »
Со мирно плаќање казни за селективно спроведени и во корен лошо напишани  закони само давате поддршка да останат работите како што се.

Море има да вртам по телефони...денар да не видат, како што не ни виделе во 20 години мое возачко искуство.
8)
Чекаме да ја потегнеш работата. Секој работен ден се жалиш за сообраќајот а уште ништо не си превземал, дај малку активност доста се бориш за правата од тастатура. Па на толку жалење срам ќе ме фатеше да пишувам уште а ништо да не превземам. Од такви со телефоните дојдоа работите до ова дереџе.

Sent from ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА!!!


Што да потегне, што да превземе обичен граѓанин ? Стратро сигурно си ги исполнува обврските за кои што зема плата секој месец. Не е негова обврска да го средува сообраќајот, или да казнува несовесни возачи копилиња и слично. За такви работи си постојат институции и вработени кои лапаат плата.

Он мисли дека буџет се полни само од џебот на оние заради кои буџетот постои, а не од џеб на оние кои го трошат.
Јас ја доведов државата до кај што е со еден телефонски разговор и една визитка на прашање "кај работиш" во 20 години.

Како и да е.... еве, за негов атер, блиц предлог мерки за полнење буџет во врска со сообраќајот и пошироко:

1.Постојана сообраќајна и безбедносна полиција во секоја населба/улица како што тоа беше порано..
Жителите на секоја улица дури и лично се познаваа со полицискиот службениик во нивниот реон...затоа и ко копиљана уште од 6 години одевме и се враќавме сами од школо, а не сега..зимај/враќај деца со коли.

Најстроги контроли на секое возило од аспект на исправност, брзина, почитување на сообраќајни правила...отстранување на чадливи канти од сообраќај сместа...Се казнува непристрасно, редовно и без исклучок...што значи се казнува и во Арачиново, Чаир, Тетово , Гостивар....

НО..

Највисоката ПАРИЧНА казна во сообраќај не смее да изнесува повеќе од 1/3 од просечната плата во Македонија, а истата да се пресмета на начин кој ке покаже која плата ја зима најголем процент од населението, а не според принципот јас јадам компир, ти јадеш месо, а двајцата во просек јадеме мусака.
Молим лепо...нема вртење телефони за максимум 100 евра казна...која знам дека секаде, секој ја плаќа.

2.Нова државна (службена )кола освен онаа на престседателот, не смее да кошта повеќе од 10-12.000 евра.
Ако може во Данска министри да доаѓаат со точаци, можат и нашиве принцези со нови Корси и Фиести (пошто Полото е 16 ;D) со детален квартален извештај за патни трошоци кои не смеат да изнесуваат повеќе од 6000 денари месечно...Не не занима од која планина се симиња министерот , кој воедно за да дојде на функција мора да има најмалку докторат во областа за која се кандидира, како и најмалку 10 години работно искуство..
Вести ко ќе пуштам да гледам старци со бели коси од кои можам нешто да научам, а не држава да ми водат ликови ко Диме Спасов или Миле ми текна.

3.Секое отсуство на избран пратеник од Собрание, да резултира со укинување на дневница на тој ден.
Неможе опозиција да не се појави на работно место 2 години , а на први да им стига платичка на сметка.

4.Измена на закон за јавни набавки во кој ќе се забранат постапки чиј предмет се уметнички дела, споменици и сл. освен ако средствата не се од странски донации (во овој случај не ни важи овој Закон)....за да не ни се случи второ Скопје 2014та, повторно на наш џеб.

5.Закон со кој ќе се забрани изградба на градежни објекти /згради во Центарот на градот и во било која друга општина/локација каде бројот на население надминува 500 лица на квадратен километар.

6.Закон против новинарство..Секој новинар кој ќе изблебета непроверена информација или шири пропаганда, да се репне по џеб.
Воедно црна хроника на вести/портали ( кој кого силувал , натепал) да не смее да надмине 10% од вкупна содржина на вестите.

7. Попис на население...врз основа на кој одредени права ќе се дадат, а други ќе се кратат.
Жао ми је, али мора...за да се намали револтот на мнозинството во државава кое , за чудо сеуште се македонци.

8.Гасификација....руска, америчка, турска...кој ќе понуди поефтина, тој.

9.Е после, ќе разговараме дали сме Северна или Горна Македонија или не сме, дали сакаме во ЕУ и НАТО и слично бидејќи од 91 ва само тоа слушам:1.Проблемот со името.2.ЕУ. 3.НАТО и смешни ми се политички контаминирани ликови и членови кои уште веруваат во партиски идеологии за решавење на овие 3 прашање како први, а не последни на листата на приоритети, како што е кај мене.




« Последно менување: 05 Јануари 2018, 09:26:24 am Stratro »

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8553 на: 05 Јануари 2018, 09:28:24 am »
Стратро, просечната плата според статистиката е ~23.500 денари, повисоките казни од "300€" не се 300 туку се 150€ ако отидеш да си ги платиш на време. Тоа значи дека високите казни за тешки прекршоци се во просек 38% од просечната или само 5% повеќе од таа третина ти што ја кажуваш. За другото се слагам со тебе и уште стојам на ставот дека можеш да потегнеш нешто како за промена на ситуацијата, не е тегнење ако застанеш на улица да казнуваш и да ја земеш правдата во свои раце туку ете излези да протестираш, оформи организација и делувај институционално.

Sent from ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА!!!


Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8554 на: 05 Јануари 2018, 09:29:56 am »
Јебеш ти пресметка на просечна плата според сегашна стастистика.
Да се повторам...

"истата да се пресмета на начин кој ке покаже која плата ја зима најголем процент од населението, а не според принципот јас јадам компир, ти јадеш месо, а двајцата во просек јадеме мусака"


Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8555 на: 05 Јануари 2018, 09:37:01 am »
Нема проблем, делувај институционално за да ја смениш формулата за пресметка на просечната плата. И тоа можеш.

Sent from ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА!!!


Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8556 на: 05 Јануари 2018, 09:38:01 am »
Полека пријателе...
Хитлер го напишал Мein kampf во 20 тите...а почнал да делува во 1939 та...
;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8557 на: 05 Јануари 2018, 09:40:12 am »
Јебеш ти пресметка на просечна плата според сегашна стастистика.
Да се повторам...

"истата да се пресмета на начин кој ке покаже која плата ја зима најголем процент од населението, а не според принципот јас јадам компир, ти јадеш месо, а двајцата во просек јадеме мусака"


Медијана




Вака ако се пресмета било што ќе излезе целата гнаса најгнасна од гнасите гнасни најгнасни во секоја држава.
https://qz.com/260269/painfully-american-families-are-learning-the-difference-between-median-and-mean/

Пази за Мерика. „РАСТЕ“ просечното примање, ама медијаната ПАЃА (!!!). Значи сиромаши населението, а се крева просечната плата. Ете ти ја редистрибуијата на богатство од долната половина, кон горната половина.
« Последно менување: 05 Јануари 2018, 09:45:44 am Deni »

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2810
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8558 на: 05 Јануари 2018, 09:43:22 am »
Самиот поим казна упатува на тоа дека ти треба ја почуствуваш казната. Тоа значи дека треба да биде висока и ти да извлечеш некоја поука од тоа. Ако казната е 30 евра ич нема да се замарам со правила во сообраќај. Ама ако истата таа казна е 300 евра а извесни треба да се и повеќе и те како ке се замислам нареден пат за прекршокот.
Јас искрено се осетив казнет кога ми одземаа возачка на 3 месеци и 600 евра казна. Ама ниту бркав врски ниту барав алтернативи од проста причини што сакав да ја почуствувам казната. 3 месеци си возев точак и градски превоз и 600 евра си ги платив и солза си пуштив на шалтер.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8559 на: 05 Јануари 2018, 09:46:36 am »
Полека пријателе...
Хитлер го напишал Мein kampf во 20 тите...а почнал да делува во 1939 та...
;D

Хитлер не направил ништо од јадење гомна. Народот под него ги направиле работите што ги направиле.
Ама друга тема на муабет е тоа.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8560 на: 05 Јануари 2018, 09:49:15 am »
Самиот поим казна упатува на тоа дека ти треба ја почуствуваш казната. Тоа значи дека треба да биде висока и ти да извлечеш некоја поука од тоа. Ако казната е 30 евра ич нема да се замарам со правила во сообраќај. Ама ако истата таа казна е 300 евра а извесни треба да се и повеќе и те како ке се замислам нареден пат за прекршокот.
Јас искрено се осетив казнет кога ми одземаа возачка на 3 месеци и 600 евра казна. Ама ниту бркав врски ниту барав алтернативи од проста причини што сакав да ја почуствувам казната. 3 месеци си возев точак и градски превоз и 600 евра си ги платив и солза си пуштив на шалтер.

Смислата на казната е да го превоспита прекршителот, да рече ДА, признавам,  згрешив, ќе ја платам казната која е пропорционална на мојот прекршок и месечни примања и ќе се потрудам да ми биде последен пат.

Целта на казната е да полни буџет.

Во нашиов случај , немаш ни смисла, ни цел.

2500 денари за пајак + 30 евра минимум за тоа што едното тркало ми било во травњак од една страна, а од друга страна во недела после 20 ч да не можам јас да повикам пајак за морон кој паркирал на сам излез на паркинг и 30 коли не држи заглавени, НЕ МОЖЕ, бидејќи се губи смислата, а и целта , бидејќи ќе сторам се казната да не ја платам се додека работите се вакви какви што се.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8561 на: 05 Јануари 2018, 09:57:57 am »
Јебеш ти пресметка на просечна плата според сегашна стастистика.
Да се повторам...

"истата да се пресмета на начин кој ке покаже која плата ја зима најголем процент од населението, а не според принципот јас јадам компир, ти јадеш месо, а двајцата во просек јадеме мусака"


Медијана

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Вака ако се пресмета било што ќе излезе целата гнаса најгнасна од гнасите гнасни најгнасни во секоја држава.
https://qz.com/260269/painfully-american-families-are-learning-the-difference-between-median-and-mean/

Пази за Мерика. „РАСТЕ“ просечното примање, ама медијаната ПАЃА (!!!). Значи сиромаши населението, а се крева просечната плата. Ете ти ја редистрибуијата на богатство од долната половина, кон горната половина.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Добро утро и на тебе , Дени.:)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8562 на: 05 Јануари 2018, 10:04:43 am »
Самиот поим казна упатува на тоа дека ти треба ја почуствуваш казната. Тоа значи дека треба да биде висока и ти да извлечеш некоја поука од тоа. Ако казната е 30 евра ич нема да се замарам со правила во сообраќај. Ама ако истата таа казна е 300 евра а извесни треба да се и повеќе и те како ке се замислам нареден пат за прекршокот.
Јас искрено се осетив казнет кога ми одземаа возачка на 3 месеци и 600 евра казна. Ама ниту бркав врски ниту барав алтернативи од проста причини што сакав да ја почуствувам казната. 3 месеци си возев точак и градски превоз и 600 евра си ги платив и солза си пуштив на шалтер.

Смислата на казната е да го превоспита прекршителот, да рече ДА, признавам,  згрешив, ќе ја платам казната која е пропорционална на мојот прекршок и месечни примања и ќе се потрудам да ми биде последен пат.

Целта на казната е да полни буџет.

Во нашиов случај , немаш ни смисла, ни цел.

2500 денари за пајак + 30 евра минимум за тоа што едното тркало ми било во травњак од една страна, а од друга страна во недела после 20 ч да не можам јас да повикам пајак за морон кој паркирал на сам излез на паркинг и 30 коли не држи заглавени, НЕ МОЖЕ, бидејќи се губи смислата, а и целта , бидејќи ќе сторам се казната да не ја платам се додека работите се вакви какви што се.
Пушти една преставка до град Скопје со твој предлог за решавање на проблемот или само на карклуб се искажа?

Sent from ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА!!!


Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8563 на: 05 Јануари 2018, 10:18:45 am »
Праќав јас до МВР  најмалку 10 тина онлајн пријави со скринштови од Google maps , каде и на кој начин кај мене во населба секојдневно се прават прекршоци ( поминување на црвено со претицање на цела колона која чека, додека е отворен зелен пешачки премин најмногу користен од дечиња од основно школо).

Наместо одговор, добив штама...а полициките патроли како и од секогаш, во моја населба или ги нема, или дремат на бензинска или се на места каде може со радар да те уловат скриени зад некој билборд.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8564 на: 05 Јануари 2018, 11:03:35 am »
Ти си знаеш... На спарк/матиз сопка да му стаам ќе се преврти на бок. Ако тоа е безбедно возило, јас сум точак.

Не му треба повеќе од 30 на саат.

Точак си Симо  ;D