negde procitav deka tabelite osven na angleski i na francuski ke gi pisele, kaj videle kaj nas francuzi ...
ova e dobro suvozacot nesmee da e piJaaan

Се укинува возење со светла дење, деца ќе можат да се возат само во детско седиште
Нема возење со вклучени светла дење, деца помали од пет години ќе можат да се возат во автомобил само со специјално детско седиште, изрично се забранува пијан или дрогиран патник на совозачкото седиште, а животни во автомобил ќе може да се превезуваат само со посебни заштитни кутии. Ова се дел од измените на Законот за безбедност во сообраќајот кој е во собраниска процедура.
Според законските измени, на совозачкото седиште ќе може да се вози дете помало од две години, под услов ако возилото нема заштитно воздушно перниче, ако воздушното заштитно перниче е исклучено и ако детето се превезува во посебно детско седиште поставено спротивно од правецот на движење на возилото.
Казната за превоз на дете без специјално детско седиште и за пијан или дрогиран совозач е 35 евра.
"Предложениот закон предвидува поинакво решение, со кое се утврдува задолжителна употреба на запалени светла само во периодот од првиот самрак до целосно разденување (ноќе), како и дење, но во случај на намалена видливост", стои во предлог законот.
Со измените се предвидени казни за возачите за неконтролирано користење на сирените во автомобилот, односно тие свирењето по пешаци ќе мора да го заменат со светлосен сигнал.
Полицаец ќе може да задржи пијан возач на трезнење во полициска станица или во некоја медицинска установа најмногу 12 часа, ќе треба да викне и шлеп-служба да му го отшлепа возилото од патот, а за првпат сообраќајните знаци за известување ќе бидат напишани и на француски јазик покрај на македонски, на англиски и на одредени места и на албански јазик.
Семафорите, според предлог законот освен црвено, жолто и зелено ќе треба да бидат опремени и со звучен сигнал и вибрации за лицата со посени пореби.
- See more at:
http://emagazin.mk/vesti/vest/11444?title=se-ukinuva-vozene-so-svetla-dene-deca-nje-mozhat-da-se-vozat-samo-vo-detsko-sedishte#sthash.ru7nKJDj.dpuf